Текстови

Новиот претседател на Јамајка – адвентист

На 26 февруари адвентист стана новиот претседател на Јамајка. На церемонија на која присуствувале илјадници и пренесувана низ целата држава Патрик Линтон Ален стана шестиот претседател на Јамајка.

На церемонијата учество земаа и бендот на одбранбените сили на Јамајка свирејќи ја националната химна и хор од Северниот Карибски универзитет, сопственост на адвентистичката црква.

Ален бил именуван за претседател на 13 Јануари по препорака од премиерот на Јамајка Брус Голдинг и со одобрување од кралицата Елизабета Втора која Ален ќе ја застапува на островот.

Ален е вториот адвентист кој е избран за претседател на земја на Карибите. Другиот е Џејмс Карлисл, заболекар кој бил претседател на Антигва и Барбуда од 1993 до 2007.

На церемонијата присуствувал и премиерот Голдинг со неговата сопруга која е адвентист.

Ален ја презема функцијата во време на економска криза, криминал и насилство кои исто така се проблеми за оваа карибска држава.

Јамајканците се повредени економски, финансиски, социјално, ментално и духовно – изјави Ален на церемонијата за негова инаугурација. За постојаното насилство во Јамајка тој вели дека нацијата има простор за “разговор во правец на решавање на нашите конфликти без користење на насилство. Имаме репутација на друштвеност спрема гостите, зошто да не се согласуваме едни со други и да си помагаме едни со други. Нема ништо лошо со Јамајка што не може да биде поправено со тоа што е добро за Јамајка.

Премиерот Голдинг рекол : нашиот претседател служи како икона на национално единство, како некој кој стои над разликите, некој кој ја прифаќа целата нација и кој целата нација може да го прифати.

Ален рекол дека одлуката да ја прифати понудата на премиерот Голдинг била тешка но била резултат на многу молитви и размислувања.

Ние сме уверени дека патот кои сме подготвени да го следиме ќе биде добар, бидејќи Бог води. Ова е Божјо дело а не наше.

Адвентистите имаат долга историја во Јамајка, скоро секој 12-ти жител на Јамајка е адвентист.