Текстови

Иницијативата “Следи ја Библијата“ пред комплетирање

Копија од Библијата напишана на 66 јазици – по еден за секоја книга од Битие (1 книга Мојсеева) до Откровение е пред комплетирање на своето патување. Иницијативата “Следи ја Библијата“ е стартувана на состаноците на Адвентистичката Црква во Манила, Филипини во 2008 г.

Во секоја земја каде поминала оваа Библија локалните црквени водачи известуваат за зголемена дистрибуција на Библии помеѓу населението и зголемен интерес за редовно читање на Библијата и проучување помеѓу членовите на црквата.

Оваа иницијатива ќе биде комплетирана ова лето во Атланта, Џорџија, САД каде илјадници адвентисти ќе се соберат на заедничкиот глобален собир на Адвентистичката црква.

“Следи ја Библијата“ низ светот