Во една училница на колеџ еден професор предава лекција по филозофија….
„Дозволете ми да ви објаснам кој е проблемот што науката го има со религијата.“ Професорот атеист по филозофија замолчува за момент а потоа го замолува еден од неговите студенти да стане.
– Ти си христијанин, нели синко?
– Да господине – одговорил студентот.
– Значи ти веруваш во Бога?
– Секако.
– Дали Бог е добар? – прашал професорот.
– Секако! Бог е добар.
– Дали Бог е семоќен? Дали Бог може да направи се?
– Да.
– Дали ти си добро или зло?
– Библијата вели дека сум зло.
Проферсорот извикнува гласно. Аха! Библијата! Тој размислува за момент. Еве нешто за вас. Да речеме дека тука има болен човек и вие можете да го излечите. Можете да го направите тоа. Дали ќе му помогнете? Дали ќе се обидете да му помогнете?
– Да господине. Ќе се обидам.
– Значи ти си добар …!
– Не би рекол.
– Но зошто да не се каже така? Ти ќе му помогнеш на болен и осакатен човек ако можеш. Повеќето од нас би го направиле тоа кога би можеле. Но Бог тоа не го прави.
Студентот не одговорил па затоа професорот продолжил.
Тој не го прави тоа нели? Брат ми беше христијанин кој почина од рак , иако се молеше на Исус да го излекува. Како тогаш Исус е добар? Можеш да ми одговориш на ова?
Студентот останал да молчи.
Не, не можеш да ми одговориш нели? – рекол професорот. Тој зема голтка од чашата со вода на својата маса за да му даде време на студентот да се релаксира. Да почнеме од почеток младо момче. Дали е Бог добар?
– Да … господине, – рекол студентот.
– Дали сатаната е добар?
Студентот не се двоумел за ова прашање. „Не“
Тогаш од каде доаѓа сатаната?
Студентот одговорил : Од Бога.
Тоа е вистина. Бог го создал сатаната нели? Кажи ми синко, дали има зло во овој свет?
– Да господине.
– Злото е насекаде , нели? А Бог создал се нели?
– Да.
– Значи кој го создал злото? Професорот продолжил, „Ако Бог создал се, тогаш Бог го создал злото, штом злото постои, и според принципот дека нашите дела не дефинираат кои сме, тогаш Бог е зло.“
Повторно студентот нема одговор.
„ Дали постои болест? Неморал? Омраза? Грдотија? Сите овие ужасни нешта, дали тие постојат на овој свет?“
Студентот застанал на нозе.
„Да“
„Значи кој ги создаде?“
Студентот повторно не одговорил па затоа професорот го повторува прашањето:
„Кој ги создал?“ се уште нема одговор. Одеднаш професорот оди набрзина во предниот дел од училницата. Класот е хипнотизиран.
„Кажи ми ,“ тој продолжува кон друг ученик. „ Дали веруваш во Исус Христос синко?
Гласот на студентот го издава и трепери.
„Да професоре, верувам“
Пофесорот престанува да шета„ Науката вели дека ти имаш пет сетила кои ги користиш за да го идентификуваш и да го набљудуваш светот околу тебе. Дали некогаш си го видел Исус?“
„Не господине. Никогаш не сум Го видел“
„Тогаш кажи ни дали некогаш си го слушнал Исус?“
„Не господине , не сум.“
“Дали некогаш си го почувствувал Исус, си го вкусил Исус или стопил твојот Исус? Дали некогаш си го почувствувал со сетилата Исус Христос или пак Бога?“
„Не господине, за жал не сум “
„И сепак сеуште веруваш во него?“
„ Да“
Според правилата на емпирискиот, потврден докажан протокол, науката вели дека твојот Бог не постои. Што ќе кажеш на тоа синко?
„Ништо “ одговорил студентот. „Јас ја имам само мојата вера“.
„Да, Верата“, повторил професорот. „И тоа е проблемот кој науката го има со Бог. Нема доказ, само вера.“
Студентот застанал тивко за момент, пред и самиот да постави прашање.
„Професоре, постои ли топлина?“
„Да“
„А постои ли ладно?“
„Да синко тука е премногу ладно.“
„Не господине, не постои“
Професорот го врти своето лице кон студентот, очигледно заинтересиран. Во училницата одеднаш станува многу тивко.
Студентот почнува да објаснува.
Можете да имате топлина во изобилство, дури и повеќе топлина, супер-топлина, мега-топлина, неограничена топлина, бела топлина, малку топлина или да нема топлина, но не постои нешто што се нарекува „ладно“. Можеме да одиме надолу до 273 степени под нулата, што не е топлина, но не можеме да одиме повеќе од тоа. Не постои ладно, инаку би можеле да одиме под ладно подолу од најниските -273 степени. Секое тело или објект е подложно да учи кога има или пренесува енергија, и топлината е таа која прави телото или предметот да има или пренесува енергија . Апсолутна нула (-273 степени) е тотално отсуство на топлина. Видете, господине, ладното е само збор кој го употребуваме за да го опишеме отсуството на топлина. Ние не можеме да го мериме ладното. Топлината можеме да ја мериме во термички единици бидејќи топлината е енергија. Ладното не е опозит на топлина, господине, само отсуство на тоа.“
Тишина низ целата просторија. Пенкало падна некаде во училница, звучеше како чекан.
„Што е со темнината, професоре. Дали постои такво нешто како темнина?“
„Да“ одговорил професорот без двоумење. „Што е ноќта ако не темнина?“
Повторно грешите, господине. Темнината не е ништо друго, туку отсуство на нешто. Може да имате слаба светлина, нормална светлина, светла светлина, трепкава светлина, но ако немате светлина постојано вие немате ништо и се нарекува темнина зар не? Тоа е значењето кое го употребуваме за да го дефинираме зборот. Во реалноста, темнината не постои. Ако постоеше, вие ќе можевте да ја направите темнината потемна, зар не?
Професорот почнал да му се смее на студентот. Ова ќе биде добар семестар.
„Па која е вашата поента млад човеку?“
„Да професоре. Мојата поента е, вашите филозофски премиси имаат недостатоци на самиот почеток, и вашиот заклучок мора да е погрешен.“
Лицето на професорот не можеше да го скрие изненадувањето овој пат. „Недостатоци? Може да ми објасниш како?“
„Вие застапувате премиса на двојност“ објаснил студентот. „Вие расправате дека има живот и дека постои смрт, добар Бог и лош Бог. Вие го гледате Божјиот концепт како нешто конечно, нешто што не може да го мериме. Господине, науката не ни може да ја објасни мислата. “Се употребува електрична енергија и магнетизам, но никогаш не се гледа, а уште помалку да се разбере барем едното. Да се види смртта како опозит на животот е да се игнорира фактот дека смртта не може да постои како материјална работа. Смртта не е опозит на животот, туку само нејзино отсуство. “Сега кажете ми професоре,… Дали ги учите вашите студенти дека тие еволуирале од мајмуни?“
Ако се однесува на природниот еволутивен процес, млад човеку, да, секако дека да.“
Дали некогаш сте ја набљудувале еволуцијата со вашите очи, господине?“
Професорот почна да ја тресе својата глава, се уште смеејќи се, како да сфаќа кон што води аргументот. многу добар семестар, навистина.“
Бидејќи никој никогаш не го набљудувал процесот на еволуцијата како оди и не може да докаже дека процесот продолжува, зарем не го предавате вашето лично мислење, господине? Зар не сте научник туку проповедник?
Училницата е во галама. Студентот останува смирен додека конфузијата се стивнува.
Да продолжам со поентата што ја кажавте претходно на другиот студент, да ви дадам пример на што мислев.“
Студентот погледнува низ просторијата. „ Дали постои некој во училницата кој некогаш го видел мозокот на професорот?“
Класот прснува во смеа.
„Ако постои некој кој некогаш го слушнал мозокот на професорот, го почувствувал , допрел или помирисал мозокот на професорот? Изгледа дека никој не го направил тоа. Па, според поставените правила на емпирискиот, стабилен, потврден протокол, науката покажува дека вие немате мозок, со сета почит господине. Па ако науката кажува дека вие немате мозок, како да им веруваме на вашите предавања, господине?“
Сега училницата е во тишина…
Професорот само гледа во студентот, неговото лице е нејасно. Конечно, по голема пауза, професорот одговорил „претпоставувам дека ќе се земе во обѕир верата“
Сега вие прифаќате дека има вера, и всушност, верата постои со животот, продолжува студентот. „Сега, господине, дали постои такво нешто како злото?“
Сега несигурен, професорот одговара, „Секако дека постои. Го среќаваме секој ден. Тоа е во секојдневните примери на човечката нехуманост кон човекот. Тоа е во мноштвото криминал и насилство насекаде низ светот. Овие манифестации не се ништо друго туку зло.“
На ова студентот одговорил, „Злото не постои господине, или најмалку не постои само по себе. Злото едноставно е отсуство на Бог. Тоа е како темнината и ладното, збор кој човекот го создал за да го опише отсуството на Бог. Бог не го создал злото. Злото е резултат на тоа што се случува кога човекот ја нема Божјата љубов присутна во неговото срце. Тоа е исто како што ладното што доаѓа кога нема топлина или кога темнината доаѓа кога нема светлина.
Професорот седна.
Алберт Ајнштајн