Текстови

БРОДОТ НА НОЕ

Познат е настанот за Ноевиот брод и потопот кој настанал. Бог му кажал на Ное за она што ќе дојде и што да преземе да се спаси. Му биле дадени димензиите на бродот, од што да биде изграден и како да изгледа за во него да бидат сместени животните. Кога зборуваме за животните кои влегле во бродот, да споменеме дека не било потребно да влезат сите постоечки врсти,туку само оние основни видови кои биле создадени во почетокот, бидејќи тие ги содржат сите варијации на врстите кои настануваат од нив.

Димензиите на бродот: должина-300 лакти; широк – 50лакти; висок – 30лакти.

Ако ја земеме должината на 1лакот – 45см, тогаш димензиите на бродот би биле:135 x 22 x 13м.

Земајќи ги тие пропорции, Питер Јансен од Холандија го направил својот модел. Данските бродови наречени Fleuten исто така биле моделирани по примерот на Ноевиот брод. Овие модели покажале дека Ноевиот брод имал поголем капацитет од заоблените или стандарни чамци. Тие биле добри за пловење по море и скоро е невозможно да се превртат. Како брод со рамно дно, кој не бил дизајниран да се движи по вода туку да плови, имал за 1/3 поголем капацитет од бродовите со коси страни а слични димензии.

Најважно е што димензиите на бродот овозможувале голем простор за да се спасат илјадници видови животни од едногодишниот потоп. Со дадените димензии, бродот со три платформи би имал простор од околу 39.000м³

Колкав простор е тоа ќе видиме во споредба. Кога би чекале на железничка станица би поминале десет теретни вагони, а секој воз би влечел по 52 вагона. Значи капацитетот на бродот бил 520 современи железнички вагони за стока.

Ноевиот брод, бил најголем изграден брод кој некогаш постоел, се до касниот 19 век кога за прв пат биле конструирани огромни метални бродови. Во 1858 година најголемиот брод од неговиот тип во светот бил Himalaja со димензии:73 x 10 метри. Истата година Исамбард К.Брунел го направил бродот Great Eastern со димензии:210 x 25 x 9 метри. Односот на ширината и должината кај Ноевиот брод кој е важен за стабилноста на бродот, е во сличен размер и кај современите бродови.

Целата слика за бродот кој требало да го прави Ное зборува за Божјото водство низ овој голем потфат.Ное не би знаел колку да изгради и за кого, ако предходно Бог не му го изнел планот за потопот кој предстоел. Дека ова не е приказна потврдува и новиот завет кој го зема потопот како предслика за судниот ден. „забораваат дека небесата и земјата од порано беа создадени од вода и преку вода со силата на Божјото слово, преку кое тогашниот свет загина потопен од вода. А сегашните небеса и земјата, пазени од истото слово се чуваат за оган во денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе”. (2Петр.3.5,6,7)