“Оној што во јавните служби ќе ги внесе принципите на првобитното христијанство, ќе го промени светот“
Бен Френклин
(Американски пронаоѓач и државник од 18 век)
“Од сите морални системи, стари и современи, што сум ги разгледувал, ниеден не ми изгледа толку чист, како оној на Исус“
Томас Џеферсон
(Трет претседател на Соединетите Американски Држави и главен автор на Декларацијата за независност)
“Навистина не знам што ќе остане од цивилизацијата и историјата, ако акумулираното влијание на Христос, како директно, така и индиректно, се отстранети од литературата,уметноста, практичните односи, моралните стандарди и креативноста во различните активности на умот и духот“.
Д-р Чарлс Малик (од Либан)
(Поранешен претседател на Генералното Собрание на Обединетите Нации)
За влијанието на Лав Толстој:
Толстој активно и се посветил на Христијанската вера за да опстане во немирните години кои му претстоеле. Толстој им се посветил на евангелијата и со свои зборови и раскази прекрасно ја проширил нивната порака за небесното царство во нас. Тој инсистирал дека христијанството не е само религија туку начин на живеење, кој од Толстој создал длабоко почитувана личност во целиот свет. Неговиот сопствен живот беше негово најголемо дело, повеќе и од неговите ремек дела “Војна и мир“, Ана Каренина“, или “Воскресение“.
Малком Мугер
(Британски социјален критичар и автор)
“Дури и оние кои се откажале од христијанството и го напаѓале, длабоко во себе сепак го следат христијанскиот идеал, зашто досега ниту нивната суптилност, ниту, пак, одушевеноста на нивното срце, биле во состојба да создадат повисок идеал на човек и на доблест какви што одамна се видени во ликот на Христос. И кога се правел по некој обид, резултатот бил смешен.“
Фјодор Достоевски
(Руски писател и филозоф, во“Браќа Карамазови“)
“Верувам дека не постои ништо помило, подлабоко, посимпатично, порационално, похрабро и посовршено од Спасителот; си велам себеси со љубоморна љубов, дека не само што не постои друг како Него, туку дека и не би можел да постои“.
Фјодор Достоевски
(Запишано во едно лично писмо од рускиот писател, додека бил в затвор)
“Ако некогаш се појавило Божество на земјата, тогаш тоа било во личноста Христос“.
Јохан Волфганг Фон Гете
(Запишано од германскиот драматург, во последните денови од неговиот живот)
Додека сте во потрага по вистината….
- Ќе бидете заплискувани од секаков вид религиозна пропаганда, од различни култови и лажни религии. Да се знае вистината, значи да се проценат учењата на сите луѓе и движења, во светлината на Светото Писмо – Божјото свето, инспирирано слово, упатено до човекот – како што тоа го правеа жителите на градот Бериа, во првиот век (види Дела 17,10-12).