Текстови

Научници веруваат во Библијата

СЕР ИСАК ЊУТН

Закон за гравитација, закони за движењето, диференцијално сметање Њутнов телескоп – рефлектор оптика. Тој рекол: Сите мои откритија се направени како одговор на молитва. Јас длабоко верувам во Библијата како во Божји збор, напишан од вдахновени луѓе. Секојдневно ја проучувам Библијата. Атеизмот е толку бесчувствителен… Кога размислувам за Сончевиот систем, гледам како Земјата се наоѓа токму на она растојание од Сонцето на кое ги прима оптималната топлина и светлина. Тоа не е случајно.

ЈОХАН КЕПЛЕР

Астрномија закон за движењето на планетите. Кеплер открил дека планетите се движат по елиптични патеки, а не на произволен, хаотичен начин. Тој вели: Имав желба да бидам теолог, но сега гледам како Бог,преку моите трудови, се прославува и во астрономијата, зашто небесата ја објавуваат Божјата слава. Јас сум христијанин. Верувам единствено и само во тоа да бидам во служба на Исус Христос. Во Него се единствената сигурност и утеха.

ЖОРЖ КИВЈЕ

Р`бетници, палеонтологија, компаративна антомија. Изјавил дека животот секогаш произлегува од животот. Ние гледаме само како тој се пренесува,но не и како се создава. Кој е тој закон што може да го натера Творецот да создаде непотребни и бесполезни организми, само за да ја пополнат празнината во низата? Доколку видовите постепено се менувале, ние би пронашле некакви траги од овие модификации; меѓу фосилите и денешните видови би морале да постојат некакви преодни форми: но такви се уште  не се откриени.

МАЈКЛ ФАРАДЕЈ

Електричен генератор и трансформатор. Фарадеј бил внимателен и најпрвин му се заблагодарувал на Бога за сите Негови дарови. Во однос на размислувањата за другиот свет, Фарадеј велел: Претпоставки? Јас не претпоставувам. Јас се држам до сигурни факти. Јас знам во Кого верувам и убеден сум дека Тој ќе ми го зачува она што сум Му го доверил се до оној ден.

МЕТЈУ МОРИ

Океанографија, хидрографија. И на копното и во морето сите жители се Негови созданија, потчинети на Неговите закони. Мори во морето го гледал развојот на редот и доказ за смислено создавање. Мори велел дека Бог е семоќен Градител на Универзумот. Библијата е вистинита, и науката е вистинита, и затоа секоја од нив, ако вистински се разбере, ја покажува вистинитоста на другата.

ЛУЈ ПАСТЕР

Бактериологија, закон за биогенеза, пастеризација, вакцинација и имунизација. Колку повеќе ја проучувам природата, толку повеќе се восхитувам од делото на Творецот. Науката го води човекот поблиску до Бог. 

ВИЛИЈАМ ТОМСОН

Закони на термодинамиката, апсолутна температурна скала, трансатлански кабел. Што се однесува до потеклото на животот, науката недвосмислено потврдува постоење на креативна сила. Не опкружуваат несоборливи докази на интелигентен и добродетелен план… атеистичката идеја е толку бесмислена, што не можам да ја искажам со зборови.

СЕМЈУЕЛ МОРЗЕ

Телеграф Морзеова азбука       Морзе вака го опишува своето животно дело:Тоа е Негово дело… , Не нашето туку Твоето име, Господе,нека се слави. Тој исто така, рекол: Образованието без религија се заканува на правилата на христијанството, разбирливи за здравиот разум, да ги замени со бесмислени теории. Само Тој можеше да ме одржи низ сите мои тешкотии. Колку повеќе се приближувам до крајот на мојот животен пат, толку повеќе го ценам величествениот и возвишен Божји лек за паднатиот човек.

ЏЕЈМС КЛЕРК МАКСВЕЛ

Равенка на поле (со која се опишуваат електрицитетот, магнетизмот, светлината итн.) СТАТИСТИКА

Не е можно да се постави теорија на еволуцијата со која би можела да се објасни сличноста на молекулите, бидејќи еволуцијата нужно имплицира континуирана промена.

Еднаквоста на секоја молекула со сите други молекулиод ист вид му го дава суштинскиот карактер на произведениот предмет.

Семоќниот Бог, кој го создал човекот според Своја сопствена слика и го направил господар над Своите созданија, не учи да ги проучуваме делата на Неговите раце.