Текстови

ЗАМИСЛИ СЕ НАД СВОИТЕ БЛАГОСЛОВИ

Кога популацијата на целата земја би се намалила на ниво на едно село со 100 жители, но да се сочува односот на сите човечки разлики, како би изгледало тоа село? Всушност тоа бил предметот на истражување на господинот Фил Хартер, лекар во Стенфордската универзитетска болница.

Ова се резултатите на неговото истражување:

Во селото би живееле: 55 Азијати, 21 Европеец, 8 Африканци и 14 жители од западната полутопка…

52 жени, 48 мажи…

70 “обоени”, 30 белци…

89 хетеросексуалци, 11 хомосексуалци…

6 луѓе би биле сопственици на целото светско богатство… и сите би биле од САД…

80 би живееле во куќи кои немаат елементарни услови за живеење…

70 би биле неписмени…

50 би оскудевале во храната (би биле гладни)…

1 секогаш би бил на ивицата на смртта…

1 жена секогаш би била бремена…

1 човек би бил високо школуван…

1 би имал компјутер…

Следува само едноставна интерпретација на горе наведените факти:

Ако живеете во убав стан или куќа, имате доволно храна и сте писмени, вие сте член на мала групација.
Ако се сопственик на убав стан или куќа, имате доволно храна, писмени сте, а имате и компјутер – вие сте дел од елитата. Ако утрово сте се пробудиле повеќе здрави отколку болни, вие сте посреќни од миллион луѓе кои нема да ја преживеат оваа седмица. Ако никогаш не сте биле во војна, не сте доживеале самотија, затвор, стравотии, мачење, или глад … посреќни сте од 500 милиони луѓе на овој свет.Ако можете да одите во црква, без страв од понижување, апсење, мачење или смрт, посреќни сте од милијарда луѓе, кои не се среќни во ова. Доколку имате храна во фрижидерот, облека на себе и покрив над главата… побогати сте од 75 % жители на оваа планета.Ако имате пари во банка, во својот паричник, па и нешто заштеда, вие сте меѓу 8 % најбогатите луѓе на светот.Ако вашите родители се се уште живи и во брак, вие сте многу редок случај… Ако ја држите главата исправено со осмев на лицето и навистина сте благодарни на Господ … благословени сте, бидејќи поголемиот дел од луѓето ја имаат таа можност, но тоа не го прават… Ако држите некого за рака, ако имате прилика да гушнете некого, или само се допрете до неговото рамо … благословени сте, затоа што знаете да пружите допир на исцелување… Ако можете да ги читате овие реченици, два пати сте благословени, затоа што на вас некој мислел и не само тоа, поблагословени сте од 2 милијарди луѓе, кои се неписмени… Да биде благословен овој ден, кога го читате овој текст. Дајте го овој текст да го читаат луѓето, за да ги опомене сите останати колку сме благословени.