Дали е потребно да се стапува во брачна врска денес?

Денес во општеството кое не опкружува може да се чуе често оваа прашање:

-Противничка сум на бракот бидејќи не можам да замислам да на било кој му ветам нешто за што не сум сигурна да ли воопшто е возможно; вонбрачната заедница ми делува далеку почесно.

Ако одлуката да живееш со друга личност е втемелена на себичност, а не вистинска љубов, тогаш секако таа друга личност ќе ја изневериш тогаш кога ќе се појави “подобра” прилика.

Но ако ја сакаш со вистинска љубов, тогаш ти си со таа личност поради неа (затоа што ја сакаш), а не поради себе (во смисла на себично уживање), затоа нема да ја оставиш ако се укаже “подобра” прилика, бидејќи ти поради својата победена себичност не ни поставуваш прашање која личност е подобра, туку што можеш повеќе да направиш за таа личност со која си одлучил да живееш. Личноста која е себична, не само да не е за брак, туку не е ни за работа (бидејќи со текот на времето ќе и досади), ниту е за живот, бидејќи и во него на крајот ќе се разочара…

-Помина времето кога брачниот сопатник на човекот му го одредуваа неговите родители. Дојде време кога младите луѓе на основа на искрена меѓусебна заљубеност сами ја донесуваат одлуката за својот заеднички иден живот. Можеби тие со згрозување размислуваат за патријархалното време, кога би биле во ропска врска со личноста која не ја избрале со драга волја, будејќи се секое утро покрај некој кој е странец на нивното срце. Меѓутоа, без правилно сфаќање на поимот брачна одлука дури и нивната денешна врска, втемелена на меѓусебните искрени чувства , може да ја има истата судбина. Еден ден, кога чувствата ќе стивнат, тие ќе се разбудат покрај личноста која во суштина никогаш во животот не одлучиле да ја сакаат. Наместо нив самите, брачната одлука ја донеле нивните чувства. Кога исчезнале чувствата, исчезнала и одлуката. Во суштина, вистинската слободна одлука на човековата волја никогаш и не постоела. Да се има слободна волја, тоа не значи да се донесуваат одлуки во склад со моменталните импулси и чувствата на сопствената природа,туку тоа значи да се донесе одлука независно од нив, и да се внесе во својот живот и врската оној квалитет на искуства кои врската ја прават исполнета со највозвишени содржини и смисла.

Одлуката на човекот да сака може врската да ја исполни со љубов, дури и ако таа со децении била празна и ропска. Вистинската брачна одлука, втемелена на несебична љубов, е услов да бракот навистина би бил брак.

По својата дефиниција бракот е завет на љубовта, кој подразбира одговорно донесување на животната одлука човекот да живее за својот сопатник, да за него се грижи и да му служи, да покаже спремност да за него ги жртвува сите оние карактерни недостатоци кои би можеле да бидат препрека на нивната заедничка среќа. Во формирањето на брачната одлука – заветот на љубовта, човекот природно се соочува со своите слабости на карактерот кои го одвраќаат од одлуката за брак.

Себичните мотиви на човечката природа од кои произлегуваат намерите да сопатникот емотивно и телесно се искористува, резултираат било од стравот на младите луѓе да влезат во брак,било од брзоплето , непромислено и неодговорно влегување во брак, без суштинска одлука за другата личност. Самото прогласување на врската со официјална брачна заедница, а без свеста за заемната одговорност и одлука да се живее за другата личност, нема ништо магично да направи и таквата врска да ја направи поквалитетна од онаа која нема формален назив- брак. Човекот треба да се победи себеси, својата себичност и телесност, инаку стравот од нивното осуетување, губитокот на подобра прилика, итн.,ќе го препречуваат човекот да донесе вистинска брачна одлука. Доколку не ја победи својата себичност и телесност, тој или нема да има храброст за брачна одлука, или брачната одлука ќе ја заснова на непобедената себичност и телесност .Истите тие слабости поради кои човекот почнал со врска , можат еден ден да станат причина за распад на таа врска, кога тие нема повеќе да бидат задоволувани, или кога ќе бидат усмерени за да се задоволи некоја друга личност.

Првото прашање во изборот за брачен сопатник не треба да биде- дали таа личност е таква што ќе можам да ја сакам, туку дали сум јас таков што ќе можам да ја сакам. Дали расчистив сам со својата себичност, телесност, гордост, суетна навредливост, желба за моќ и можеби со цинизмот? Се додека не го решиме суштинското прашање за својот дух, ние не сме спремни да објективно размислуваме за квалитетот на потенцијалниот брачен сопатник, бидејќи сме ограничени со тоа дали (брачниот сопатник) ни се допаѓа или не.

Причината зошто некого сакаме треба да биде во нашето срце, во љубовта со која ја сакаме, а не во самите вредности на таа личност, поради кои во тој случај ја сакаме. Дури кога ќе станеме способни да ја сакаме без разлика на нејзините вредности или недостатоци, тогаш треба да почнеме со анализа дали е таа онаа личност која ќе ни одговара во бракот т.е. дали еден на друг ќе си бидеме вистински пријатели, спремни и способни да еден не друг си помогнеме во животот.

Стравот од брак, кој е природен резултатза свеста за одговорноста на брачниот завет, може да не се преброди на зрел начин и да поради тоа формира кај човекот потреба да се откаже од одговорноста за избор на брачен другар. Недостатокот на вистинските темели на брачната одлука често се манифестира преку потребата на човекот да таа одговорност за одлуката ја предаде на некој или на нешто друго. (На пример, на тоа дали моментално ни се допаѓа личноста или не, итн.)

Васко Диков