Текстови

Проблемите во современиот христијански брак

Ќе почнеме со две основни поставки:

1.За секој еден прав проблем Библијата веќе има припремено исцрпен одговор. Тоа важи за сите епохи и за сите времиња. Ние мора да се консултираме со вечното евангелие и да го прашаме за сегашната вистина. Тоа е задача која секогаш одново и одново се поставува пред секоја генерација. Само некако ми се чини дека ние сме постанале помалку немарни по оваа прашање и во оваа задача.

2.Уште од времето на падот во гревот во целата вселена постојат две меѓусебно спотивставени норми на однесување: ред и неред, свемир и хаос. Од ова настануваат сите несогласувања и спротивставувања. Ако пред падот во грев хармонијата била нешто што сама по себе се разбирала, после падот во грев таа секогаш одново и одново морала да се избори и да се брани.

Ние во ова кратко размислување сакаме да се позанимава месо еден актуелен проблем: односот помеѓу човекот и жената, момчето и девојката, помеѓу машкиот и женскиот род.

Се работи за една многу сложена тема и оваа наше размислување ќе го изнесеме во еден концентриран облик, па затоа ве молам и вас концентрирано да размислувате со мене.

Овде се работи за еден темелен однос и затоа веднаш ќе ви изнесам две работи кои мораат да ни бидат јасни:

1.Бидејќи Библијата ја сметаме за правилник на нашето однесување, мораме да го прифатиме и фактот дека таа не може да молчи за еден ваков многу важен проблем.

2.Противникот на секое добро сотоната, не пропушта ни едно средство кое му стои на располагање во овој однос да внесе неред.Другата вистина сигурно и не морам да ја докажувам. Очигледна е несигурноста и збунетоста на двата пола во меѓусебниот однос. Процентот на растурени бракови секоја година достигнува нови рекорди. Ваквата ситуација сигурно се одржува и во животот внатре во Црквата. Ќе ве поштедам од статистички податоци затоа што не сакам да створам неред, туку да ви дадам некои податоци за редот кој е пропишан во Библијата. Како денес можат да се избегнат така често нагласуваните грешки во меѓусебниот однос на мажот и жената? Кои се најчестите грешки? Што кажува за тоа Библијата? Овие одговори ќе пробаме да ги изнесеме во вид на тези (гледишта).

1.теза

Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско.(1.Мој.1,27).

Овде се гледа дека не само машкиот род на еврејски е наречен Адам-човек, туку тој назив се однесува и на женскиот род.

2 .теза

Со ред пропишан уште од создавањето нормиран е меѓусебниот однос на човекот и жената; Бог значи му дал правила во нивниот заеднички живот.

И Господ Бог рече:Не е добро човекот да биде сам, ќе му направам помошник соодветен нему.(1.Мој.2,18).Да му направам помошник, другар, оној кој ќе му одговара, кој го надополнува! Тука веќе нема проблеми околу рангирањето, неможе да се зборува за подреденост или потчинетост. Бог не пронашол ниту пак воспоставил патријархат а уште помалку матријархат. Тоа се последици на човековиот културен развој, и јасно се гледа дека тој развој кај разни народи течел во различни правци во различни смерови. Значи, редот воспоставен со самото создавање е темел на јасна рамноправност на човекот и жената,темелот на ова гледиште на ова теза зборува за еднаквите вредности на машкиот и женскиот род. Онаа што преферираат современите покрети за еманципација на жените само е прастара Библијска норма.

3.теза

Воспоставувањето на бракот е човечки одговор на божествената иницијатива.

Оваа теза не смее да се свати погрешно. Бракот е библиски поим, но никаде не постои дека Бог го воспоставил бракот. Во овој контекст е многу важна ова изјава: Бог го создаде човекот во својот лик … ги создаде машко и женско. (1Мој.1,27). Што значи да бидеш создаден по Божјиот лик? Важна мисла наоѓаме во (1.Мој.5,3): Кога на Адама му беа 130 години му се роди син, сличен нему, според неговиот лик и подобие, му го даде името Сит. Па спрема тоа „по ликот„ значи или да воспоставиш одреден однос или да бидеш сличен; да воспоставиш татковско-синовски однос или да бидеш сличен на таткото. Да бидеш по Божји лик значи, да бидеш сличен на Бога во суштина, а Бог токму на тоа место во Библијата ни е претстсвен како создател. Да бидеш сличен на Бога исто така значи: да бидеш креативен, да се стремиш за постигнување на одредена цел, да бидеш динамичен. Со создавањето на човекот, не е, достигнан никаков конечен степен на развиток, туку се морало и понатаму да се развива. Примена: Фактот дека брачниот однос помеѓу човекот и жената во текот на изминатите илјада години секогаш се менувал сигурно е во склад со божествената создателска намера.

Но, постојат некои темелни библиски правилаза тоа развивање: 1. Никаде во Библијата не стои напишано дека повеќе од еден човек и една жена можат да воспостават меѓусебен брачен однос. Значи групни бракови, брачни комуни и слично на тоа се јасни застранувања од библиските темелни начела.

2. Никаде во Библијата не стои дека човекот може по својата волја да го менува брачниот другар.

Иако во тој случај тоа би останало однос помеѓу еден човек и една жена, сепак не би било во скалад со библиските темелни правила затоа што би бил временски ограничен. Дека токму во тоа се крие големото искушение, и тоа во сите времиња, покажува опомената запишана и во Стариот и во Новиот завет. Раскинување на брачната врска после претходното соединување Исус го осудува вака: И така што Бог соединил, човекот да не разделува! (Мат.19,6).

3.Нигде во Библијата не стои дека човекот има право да ги крши друштвено прифатените правила и прописи во врска со склопувањето на бракот – доколку конкретно не се противи на некоја Божја заповед. Во Стариот завет постоеле одредени формални правила, по кои се склопувала брачна заедница. Овие формалности со текот на времето многу пати се менувале. Но, Но тоа не му дава на христијанинот да ги крши правилата и прописите кои денеска важат во правната заедница во која живеат. Во некои земји, на пример, е пропишано дека склопувањето на граѓанскиот брак пред одговорните државни институции е неодвоив дел од свеченоста за склопување на брачна заедница.

4.Никаде во Библијата не стои дека само постоењето на телесни односи е доволно за правно прогласување на брачна заедница. Фактот дека телесните односи се дел, елемент, завршување на процедурата за склопување на брак, не ни дава за право да го извртуваме редоследот и да ги посматраме изолирано од контекстот во кој се наоѓаат. Затоа и самиот поим предбрачни телесни односи е закован за да може да се оправдува она што никако не може да се оправда. Библијата како легални ги признава само телесните односи помеѓу брачните другари после завршените формалности за склопување на брачната заедница, а сите други телесни односи, пред бракот, за време на бракот и после со закон одобреното престанување на бракот, За Библијата преставуваат само грубо кршење на Божјите заповеди и моралните правила. Со тоа воедно им е изречена и библиска пресуда на прекршителите на библиските норми.

Да го резимираме онаа што го кажавме: Библијата препишува јасни темелни начела за однесувањето на мажите и жените пред бракот, надвор од бракот и за време на склопувањето на бракот. А како стои со самиот брак? Ние веќе зборувавме за рамноправноста на брачните другари како дел од Божјиот ред воспоставен за време на создавањето. Меѓутоа, рамноправноста не може да ги избрише разликите помеѓу мажите и жените.

4.теза

Библијата јасно ги опишува различните улоги на мажите и жените.

Постои темелна разлика помеѓу одговорностите на мажот и одговорностите на жената, помеѓу улогата на мажот и улогата на жената, така кажува Библијата. Јас знам дека ова тврдење им се спротивставува на мислењето на многу современи автори, но, Библијата на многу места ја нагласува одговорната и чесна задача на жената да се грижи за домаќинството, да ги издигнува децата и во најголем дел и да ги воспитува. Вие, млади девојки, на никој не му дозволувајте да проба да ве увери дека тоа се работи од ниски вредности. Многу современи проблеми помеѓу брачните другари – многу причини за распад на бракот – настануваат како резултат на потполното неоправдано потценување на домашните и мајчинските работи кај жените.

За ова има многу да се зборува но библиската поделба на улогатт на мажот и жената мора јасно да се изнесе: Мажот е оној кој се грижи за храната, заштитник и свештеник на семејството. Тој е задолжен да се грижи за таканаречените надворешни работи на семејството, додека жената е одговорна за стварање на внатрешната атмосфера. Секако дека ова улога понекогаш малку се испреплетува, Но за една тотално нова поделба не гледам никакви причини. Никој нема ништо против девојките да се спремаат за некој животен позив и на него да му се посветат. Но, ограничените способности за исполнување на тие желби постануваат очигледни во моментот кога ќе се појават децата, кога жената мора да ја превземе улогата на мајка. Јаслите и градинките никогаш не можат да ја заменат мајчинската грижа околу детето.

Да прекинеме сега со разгlедувањето на ова теза и да поставиме прашање: кога помеѓу брачните партнери ќе се појават проблеми, наизглед скоро нерешливи, не е ли тогаш крајот на солзите подобар од солзите без крај? Еве го одговорот:

5.теза

За интелигентните и побожните луѓе скоро и непостои причина за развод на брак.

Да нагласиме прво дека уште во Стариот завет споредниот излез за решавање на бракот, наречен „развод„ бил не само познат туку и употребуван. Исус вака ја коментирал таа пракса: Заради вашето закоравено срце, Мојсеј ви дозволи да ги оставате вашите жени, но во почетокот не беше така. (Мат.19,8). Со тоа Исус се повикува на редот воспоставен за време на создавањето и го изрекува своето одлучно „НЕ„ за развод на брак. Ова основно начело во Библијата има еден, најмногу два исклучоци: прељубљтљ на едниот брачен другар во случајот кој го опишува апостол Павле во (1.Кор. 7,15).

Да се позанимаваме со разработување на петтата теза. Не е ли премногу храбро да кажеш за интелигентните и побожни луѓе дека скоро и да не постои некоја причина за развод на бракот? Редоследот на интелигентен – побожен не е редослед по важност, и двете особини се неопходни. Но сепак да почнеме со интелигенцијата со разумот. Многу бракови, дури и меѓу младите, поднесуваат големи штети затоа што брачните другари не се во ситуација, не знаат, отворено и стручно да разговараат за своите проблеми. Понекогаш дури и имам впечаток дека не се во ситуација ни да сфатат во што се состои нивниот вистински проблем. Брачните другари мораат меѓусебно да знаат за се да разговараат. Се плашат ли еден од друг, тогаш веќе не можеме да зборуваме за партнерство, туку за оснос на подредување и потценување. Тогаш мора прво да се воспостави библискиот меѓусебен однос на партнерство.

Советот за ќесто меѓусебно да се разговара може да се најде во многу вредни книги кои се занимаваат со проблемот брак. И тоа е навистина добар совет. Но, брачните другари не треба само да разговараат за своите проблеми, туку мораат и заеднички да се молат за тие проблеми да се решат. Можеби ние навистина премногу зборуваме а многу малку се молиме! И баш затоа во ова моја теза ова во мое размислување зборував за разумните и побожните луѓе!

Меѓутоа, заеднички можеме да се молиме дури тогаш кога имаме заедничка вера. Затоа Библијата и ги опоменува верниците да не склопуваат бракови со оние кои не ја делат нивната вера. Бракот е најблиска форма на партнерство меѓу луѓето. Кога некој ќе се одлучи да живее со друг во така длабока интимна врска каков што е бракот, уште однапред треба да има испланирано за проблемите кои можат да настанат доколку не се почитуваат нормите на едниот или другиот брачен другар односно библиските норми. Нашите религиски или световни гледишта се темел на нашето делување скоро во сите подрачја во нашиот секојдневен живот. Но ако во секојдневниот живот сакаме да ги следиме меѓусебно спротивните гледишта тогаш ни со најдобра волја не можеме да влечеме во ист јарем.

6.теза

Многу ретко можат да се најдат двајца кој потполно си одговараат еден на друг-но тоа не е така во почетокот.

Што значи да си одговараш еден на друг? Ќе му направам помошник соодветен нему. Да му направам другар кој во се ќе му одговара! На што се однесува тоа? Сигурно дека надворешноста игра многу важна улога.Убавото и неубавото се релативни појмови затоа што вкусот на секој човек е различен од вкусот на сите други луѓе, но сепак постојат некои општо заеднички замисли.Првото запросување за кое ни зборува Библијата е запросувањето на Ревека. За неа било речено во Светото писмо: И беше многу убава! 1.Мој.24,16. Но, какво значење токму тука има изразот „еден на друг си одговараат„?Треба ли спротивностите да се привлекуваат, си одговараат ли убавото и неубавото едно на друго?

Контекстот во кој се изречени зборовите „другар спрема него„е сосема различен. Тој, Адам, добил задача на сите животни да му даде имиња. Тоа воедно значело дека треба да се запознае и си животните навики, типични за секоја врста. Тоа бил сигурно еден дел од задачатакој неколку стихови порано вака е опишан:„Владејте со неа„ т.е. со Земјата. Каква и да била содржината на оваа задача, човекот имал пред себе навистина прекрасна работа.Кога почнал со извршување на заповедите, утврдил дека е сам, и дека нема помошник. И Господ му дал некој кој ќе му одговара. Тоа морало да значи: Оној кој би можел да му помогне во извршувањето на задачата

7.теза

Да го пронајдеш вистинскиот другар, секогаш е дар од Бога – но даровите можат и да се измолат.

Не сакам ни на еден начин да побудам чувство дека Библијата за целата ова тема има само да каже вест на опомена или само забрана. Но ситуацијата навистина е спротивна.Нас се ни звучи понекогаш негативно само затоа што толку многу сме се оддалечиле од првобитната положба, од првобитната Божја волја.

Да имаш пријател или пријателка, а покасно да склопиш брак, сето тоа совршено одговара на Божјата волја. Длабоката заедница на душите и срцата на две личности, заедницата на човекот и жената, во Библијата е употребена како слика на највисока заедница која луѓето воопшто можат да ја постигнат, Заедницата со Бога. Момчето и невестата се симболи на Христа и неговата Црква. На оваа наша планета ниеден друг однос не е така високо оценет ниту почастен

Од ова заклучувам дека Бог токму овој однос сака да го стави под своја посебна заштита. А токму и овој однос сатаната сака да го изложи на посебни искушенија. Најдлабокото разочарување и највозвишената среќа се наоѓаат често многу близу една до друго.

Децата секогаш имаат прилика нешто да бараат од својот татко. Она што го добиваат не е плата. Тоа е дар. Ние исто така имаме право од Бога да бараме дар. Бог ќе ни го дарува вистинскиот другар. Меѓутоа, не смееме ние да поставуваме премногу барања.Секој може да има свои соништа и свои очекувања, но многу е подобро да внимаваме на Божјиот знак.

Библијата во врска со прашањата за пријателства и брак не е ни старомодна ни модерна. Таа содржи прастари правила за заедничкиот живот на мажот и жената кои се актуелни во сите времиња и прилагодени за секое време. Едно им е заедничко на сите тие правила: нивна цел е да не направат среќни луѓето и жените. Ние мораме да ги задоволиме сите потреби на својата суштина и ниедно подрачје од тоа не е исклучено: ни разумот, ни душата, ни телото. Да, и задоволувањето на телото мора да биде достигнато. Библијата за тоа зборува многу јасно и одредено. Под услов да го почитуваме првобитниот Божји ред, на тоа подрачје се однесуваат советите на надахнатиот мудрец: Затоа радувај се младичу, за време на својата младост, и веселисе во деновите на својата младост;оди по патиштата на своето срце и следиги желбите на своите очи; но знај дека Бог ќе ти суди за се тоа.(Проп. 11,9).

И како последно: можеби запазивте дека во целото оваа размислување не е спомнат еден збор: љубов. Но тоа е намерно изоставено, затоа што би можело да дојде до многу недоразбирања. Но сепак, на некој начин еден дел од тој поим секогаш беше присутен во целото излагање. кога изненадувачки ќе оцениме дека тој или таа преставуваат личност која ми одговара, тогаш едноставно кажуваме: „Јас те сакам!„ Но,и чувствуваме длабоко во срцето дека тој наш партнер ни е поклонет, дека тој или таа ние дар Божји. Чувствуваме воедно дека со тој дар не смееме лекомислено да постапуваме, и дека мораме да внимаваме да не го уништиме. Ние, едноставно мораме да се трудиме да бидеме достојни на тој Божји дар. Најверојатно ќе мораме да се менуваме како би можеле да си одговараме еден на друг. И тогаш се појасно и појасно ќе чувствуваме дека сме се впуштилево нешто големо, трајно, доживотно, дека пред нас се секогаш нови изненадувања, и дека еден на друг сме оружје за усовршување. И кога така би гледале на брачната заедница, тогаш нашата правобитна голема љубов нема да постане помала нити ќе олади под влијанието на приликите и околностите, туку од година во година ќе постанува се по интензивна и по јака. Проблеми ќе се појавуваат, но се ќе може да се реши кога Бог ќе ни всади во срцето межусобна љубов која Соломон вака ја опишува:Ставиме како знак на срце, како печат на твојата рака; зашто љубовта е силна како смртта, а љубомората е цврста како гроб. Нејзиниот жар е жар на огнот, нејзините пламења, Господови пламења. Големи води не можат да ја угаснат љубовта, ниту реките да ја потопат. Да го дава некој за љубовта сето богатство на својот дом, тој би навлекол презир врз себе.(Песна над Песните 8,6.7).