Текстови

Решавање проблеми без расправија

Конфликтите се неизбежни. Расправијата е избор.

Конфликтите растат надвор од нашата индивидуалност. Целта на решавањето на конфликтот не е да не ослободи од нашите разлики. Целта е да научиме како да работиме заедно како тим, користејќи ги разликите да го направиме животот подобар за обајцата.

Но, за некои парови, конфликтите водат кон аргументи а аргументите често излегуваат од контрола. Наместо да изнајдат решенија, тие создаваат нови проблеми. Една жена изјавила, “ Едноставно правам како што сака тој бидејќи сум уморна од расправање“. Очигледно, ваквиот пристап нема да води кон автентична врска.

Лошата страна на аргументите

Што има лошо во аргументите? Кога ќе победите со аргумент, вашиот партнер е губитник. И сите знаеме дека не е забавно да се живее со губитник. Со аргументите се постигнува многу. За жал, достигнувањата се деструктивни. Аргументите се внимателно искажани изјави формирани да се повикаат на смислата за логика на другата личност. Импликацијата е јасна – секоја разумна личност ќе се согласи со мојот аргумент. Кога брачниот другар не се согласува,тогаш тој спаѓа во категоријата на нелогични.

Аргументите брзо постануваат пратени со емоции. Можете да почнете за викате или плачете, извикувајќи зборови кои го омаловажуваат карактерот на партнерот, запрашувајќи се за неговите мотиви, и осудувајќи го неговото однесување како нељубезно, непријатно и недисциплинирано.

Аргументите конечно водат до еден од трите резултати. Вие победувате а вашиот партнер губи, вие губите а вашиот партнер победува, или се расправате до нерешеност. Кога аргументите ќе завршат нерешено, двајцата партнери се губитници. Ниеден не е убеден за другата положба и обајцата се разминуваат разочарани, фрустрирани, повредени, гневни и често очајни за надеж за нивниот брак.

Предноста на решавањето на конфликтите

Добрата вест е дека конфликтите можат да се решат без расправање. Изнаоѓањето на победничко решение почнува со избор во верувањето дека такво решение е возможно и дека вие и вашиот партнер сте доволно паметни да го откриете. Изискува од вас да ги почитувате меѓусебните идеи дури и кога не се согласувате и да одговорите со љубов кон вашиот партнер и покрај фактот дека имате конфликт. Целта е да пронајдете решение, а не да победите со аргумент.

Конфликтите не можат да се решат без обострано слушање. За жал, повеќето парови веруваат дека се слушаат меѓусебно кога, всушност, тие едноставно ги празнат своите вербални оружја. Емпатетичкото слушање значи барање да се разбере што другата личност размислува и чувствува. Тоа е ставање себе си во друга кожа и обид да се погледне светот низ нејзините или неговите очи. Тоа значи дека ги оставаме настрана нашите вербални оружја во смисла на вистинско разбирање на туѓото гледиште. Наместо да се фокусираме на тоа што ќе одговориме на тоа што другиот кажува, ние се фокусираме целосно на слушање што другиот ни кажува. Ние не можеме да имаме сакан одговор додека прво не го разбереме значењето и чувствата во позадина на тие зборови.

Емпатетичкото слушање може да бара од вас да одговорите на прашања за сигурност дека слушате коректно што зборува вашиот партнер. Сопругот може да праша “Дали сакаш да кажеш дека сакаш постојано да го исфрлам ѓубрето без да те прашувам?“ на кое таа одговара,“Да. Кога треба да те прашувам, се чувствувам како да сум ти мајка. И сакам да го исфрлаш после вечерата и да не го оставаш до утрото за да не мириса кујната.“ Сега кога ја разбира , го потврдува нејзиното барање велејќи: “ Те слушам тоа што ми го кажуваш и има смисла. Мислам дека го можам тоа. Единствен проблем би бил четврток навечер кога морам да одам на состанок. Дали може ти да го исфрлиш ѓубрето таа вечер?“ Шансите се дека таа ќе се согласи и новата “програма за фрлање ѓубре“ носи хармонија во нивната врска.

Кога ја потврдувате перспективата на вашиот партнер, тогаш можете да ја поделите и вашата и заедно можете да преговарате за решение кое ќе ги почитува обете ваши идеи и чувства.

Најчести грешки

Најчести грешки кои ги прават паровите додека се обидуваат да ги решат конфликтите се кога одговараат пред да имаат целосна слика. Оваа неизбежност води кон аргументирање. Кога луѓето одговараат пребрзо, тие најчесто одговараат на погрешно прашање.

Слушањето ни помага да се фокусираме на срцевината на конфликтот. Кога слушаме, разбираме и ги почитуваме меѓусебните идеи, тогаш можеме да изнајдеме решение во кое и обајцата се победници. Кога сопругот и сопругата бараат решенија на конфликтите, тие наоѓаат хармонија и заедница која се обидуваат да ја изградат.