Текстови

Сенки на умот – Што да сторите со негативните емоции кон вашиот сопружник

Боб лежи во креветот одамна буден. Предмалку тој се смееше и и кажуваше на Сузан колку убаво изгледа. Но неговото расположение се срушило кога и пришол сакајќи да имаат интимен однос, а таа му кажала три едноставни зборови: „Уморна сум вечерва“.

Тој се почувствувал отфрлен, фрустриран и лут. Неговите негативни емоции го држат како затвореник.

Потоа тука е Марсиа. Таа и нејзиниот сопруг Мерв, имаа испланирано специјално вечерно излегување. Таа ги однела децата кај нејзината мајка, и така дотерана, чекала – час и половина. До 20:30 часот Мерв сеуште не бил дома – ниту пак се јавил.

Кога тој конечно влегува дома, нејзините емоции се програмирале за мизерна вечер.

Многумина од нас можат да се идентификуваат со Боб и Марсиа. Но што да правиме со нашите негативни емоции? Ние знаеме што сме сториле во минатото: страдаме тивко и се повлекуваме, или се вклучуваме во битка на зборови, кои сите ги оставаат ранети и крвави. Дали има подобар начин да се одговори?

1. Да се признаат и идентификуваат негативните емоции. Негативните емоции не се погрешни. Дури и Исус почувствувал гнев, разочарување, и фрустрација. Кога Фарисеите го критикуваат Исус што лекувал во Сабота, Исус „Тогаш ги изгледа наоколу, со гнев… и натажен заради закоравеноста на нивните срца“ ( Марко 3:5)

Запрашајте се себеси: Што чувствувам? Именувајте ги негативните чувства. Бидете прецизни. Можеби ќе сакате да ги запишете.

2. Пронајдете го изворот. Следно, прашајте се себеси: Што ги предизвикува моите чувства? Најчесто постојат два: надворешен и внатрешен извор. Надворешниот извор може да биде нешто што вашиот партнер го направил или не успеал да го направи. Разочарувањето на Марсиа било стимулирано од неуспехот на Мерв да стигне на време. Како внатрешни извори можат да се појават недостаток на сон, стрес, нереални очекувања, и незадоволени емоционални потреби.

3.Склучете договор со Бога дека со негова помош, нема да дозволите негативните емоции да ве одведат во деструктивно однесување. Овој чекор е од клучно значење. Ако не го вклучите Бога во ситуацијата, најверојатно ќе бидете заробен во минатите негативни модели на однесување.

4.Направете мудар потег. Молете се за Божјата мудрост. Таа може да ве одведе да ги направите некои од следниве активности :

План А: Барајте мир пред борбата да започне. На пример, знаејќи дека понекогаш Мерв мора да работи до доцна, Марсиа може да го повика во 15:00 часот и да праша „Какви се изгледите за вечерва?“ Што и да одговори Мерв, Марсиа можеби ќе ја ублажи вечерта полна со негативни чувства.

План Б : Склучете примирје. Ако план А пропадне и битката еруптира, склучете примирје пред да се уништите еден со друг. Кажете му на вашиот сопруг што чувствувате, дека не сакате да бидете контролирани од тие чувства и дека барате можност да разговарате за тие чувства подоцна. Боб може да и каже на Сузан: Разбирам дека си уморна но се чувствувам разочарано, фрустрирано и отфрлено. Знам дека ова не е време да зборуваме за тоа и не сакам да те повредам. Но, ако е возможно, би сакал утре да дискутираме за ова. “ Боб се подготвил за Планот В.

План В: Преговарајте. Преговарањето ни овозможува да ги споделиме негативните емоции што ги чувствуваме, даваме можност на нашиот партнер да го објасни своето однесување и заедно да се решат несогласувањата. Сослушајте го со намера да го разберете и да се смирите.

План Г: Исполнување на договорот. Прашајте се еден со друг: Како да ги надминеме несогласувањата во иднина? Кои чекори треба да ги преземеме за да ги избегнеме негативните емоции кои ја предизвикуваат битката помеѓу нас?

Новиот договор значи нов пристап. Можеби Боб и Сузан ќе се согласат за тоа кога некој од нив ќе сака да биде сексуално интимен, тие ќе си дадат време обајцата да се подготват психички и физички за искрено водење љубов. Или тие вербално ќе ја осигураат љубовта кон другиот, за да не почувствуваат одбивање.

Колку повеќе ќе се посветиме на новиот договор, толку ни се поголеми шансите да го решиме проблемот. Можеби ќе биде потребно време и труд, можеби ќе треба да го повториме планот А – Г и да направиме нови договори. Негативните емоции не треба да го уништат нашиот однос.

 

Gary D. Chapman, Ph.D. е експерт советник за бракот и врските и е автор на најпродаваната Петте јазици на љубовта (Moody) и Брачен завет.  (Broadman & Holman).