Текстови

Средување на иритантите

Бараната промена е уметност од 3 чекори. Еве како.

Веднаш по венчавката, започнува и процесот. Таа прекрасна, „совршена“ личност започнува да те иритира. Се појавува однесување какво што никогаш не си можел да го замислиш. Откриваш дека твојот партнер не знае како да здипли, крпи, готви, и не изгледа заинтересирано да научи. Твојот партнер знае како да ги отвори фиоките но не знае и да ги затвори. Дури и начинот на кој ја полни машината за садови е иритирачки.

Но вие сте сигурни дека, со мали инструкции, личноста за која сте се венчале, ќе се промени. Неколку месеци подоцна, вашиот партнер се уште не реагира на вашата програма за подобрување. Затоа започнувате нов пристап: манипулација. Дознавате што сака тој и го искористувате за да го добиете она што го сакате. Вие манипулирате со чинот на интимен однос, ласкања, цвеќиња, па дури и со нови автомобили. До крајот на првата година, вашето ниво на фрустрација се искачило до небото и вие се впуштате во аргументи солзи, избувлив темперамент и закани.

Јас и Каролин се боревме со овие иритации. Знам дека манипулациите не успеваат, бидејќи веќе ги пробав. Не смееме да ги отфрлиме промените; ние бараме промени.

Чекор 1: Изберете како ќе се поставите.

Под поставувања мислам на време, место и чувствата на вашиот партнер. Идеално време е по оброкот. Никој не одговара добро кога е гладен! Местото треба да биде приватно, никогаш јавно. Посочување на нешто пред другите е негативно, дури и да е кажано во смисла на хумор. И секогаш внимавај на чувствата на твојот партнер. Дали тој или таа емоционално се подготвени да прифатат некаков предлог вечерва? Понекогаш одговорот е не. Таа е преоптоварена со барања и едноставно не може да прими уште едно.

Како да утврдите дали вашиот партнер е емоционално подготвен? Прашајте го. „ Дали оваа вечер е добро да ти предложам нешто?“ Ако одговорот е не, речиси можам да ви гарантирам дека за неполн час тој ќе рече, „Во врска со тој предлогот, што имаше на ум?“ Љубопитноста е неодолива!

Чекор 2:

Не предозирај. Според нашата природа, токму тоа и го правиме. Ги чуваме во себе сите наши иритации и, кога ќе се изгради доволен притисок, еруптираме со долг список на работи кои би сакале нашиот партнер да ги смени. Што ќе се случи ако на својот партнер му кажете пет нешта кои ве иритираат во иста вечер? Ја убивате мотивацијата за промена. Обидете се со едно барање на секои две седмици. Тоа се 26 барања годишно. Мажот може да го каже своето барање оваа седмица, а жената следната.

Чекор 3: Заедно со вашите барања, давајте и комплименти.

Пред да ми кажеш едно нешто што сакаш да го сменам, кажи ми три нешта што ги сакаш кај мене.

Памтам кога Керолин побара да „ги извадам влакната од мијалникот“. Пред да го каже нејзиното барање, ми рече: „Најпрво, да ти кажам дека многу го ценам тоа што вчера ги тргна бубачките од шофершајбната. Како второ, сакам што си ја закачуваш својата облека; зборував со други жени кои ми кажаа дека нивните мажи ја расфрлаат својата облека насекаде низ куќата. Како трето, навистина сум ти благодарна што го исчисти подот со правосмукалка во четвртокот вечерта. Тоа го прави рајот поблиску до мене. Еден, два, три. Подготвени сте? „Само, тие влакна во мијалникот ми пречат.“

Дали ги извадив влакната од мијалникот? Секако! Зошто? Затоа што таа ме сака. Гледај, веќе сум подобар од некои други момци. Сакам да бидам уште подобар, а таа ми даде предлог. Јас сум високо мотивиран, и сега сум експерт за „вадење на влакната од мијалникот“.

Што е со оние нешта кои партнерот не може или не сака да ги промени? Одговорот се наоѓа во 1 Петрово 4:8 : „ Љубовта покрива многу гревови“. Ќе го парафразирам кажаново „Љубовта прифаќа многу слабости“. Вашиот брачен другар нема да направи се што сакате, дури и ако ја следите мојата програма од три чекори. Некои мажи постојано одат по своите жени, исклучувајќи го светлото веќе 15 години. Секогаш кога го исклучуваат, тие мрморат околу штедењето пари и лошото управување. Но нивните жени се уште не го исклучуваат светлото. Иако не сакам да ве обесхрабрам, сепак ако вашата жена не го искучувала светлото овие 15 години, можеби никогаш и нема да го исклучи. Можеби треба да сфатиш дека таа е вклучувач на светлото, а ти си исклучувач на светлото. Љубовта прифаќа многу несовршености.

 

Gary D. Chapman, Ph.D. е експерт советник за бракот и врските и е автор на најпродаваната „Петте јазици на љубовта“(Moody) и „Брачен завет“.  (Broadman & Holman).