Активирајте ја верата наместо стравот

Ние имаме многу можности да се грижиме секој ден и да живееме во страв, од финансиски грижи до грижи за здравјето на нашата фамилија и деца, списокот може да оди до бесконечно! Но дали знаете дека верата и стравот имаат нешто заедничко?

И двете не тераат да веруваме дека нешто ќе се случи што ние не го гледаме Стравот вели, “Бизнисот е намален, ќе пропаднеш“.

Но верата вели, “Твоите подобри денови се сеуште пред тебе.“

Кога им се предаваме на мислите на стравот нашата перспектива изгледа уништена. Стравот е како магла. Прави работите да изгледаат полошо отколку што навистина се. Може да изгледа застрашувачки, но не е навистина така, само еден куп пареа што може да се смести во една мала чаша.

Искористија ја својата енергија да веруваш наместо да се грижиш. Нашиот Бог е Семоќен. Тој те водеше низ минатото и Тој ќе те води и низ иднината. Опкружи се себеси со луѓе кои веруваат наместо да се плашат и ќе бидеш исполнет со постојан мир и доверба. Ти си создаден за живот на победа, и не треба твојот ентузијазам да биде украден од стравот. Одбери да чекориш во вера денеска. Запомнете, одзема иста количина на енергија да се грижиш колку и да веруваш.

Па смени ги твоите брзини да имаш вера и да му веруваш на Бог.

Бог работи за твое добро и во твоја корист.