“Великодушниот човек ќе успее, оној кој ги освежува другите и самиот ќе биде освежен“. (Мудри изреки 11,25)
Дали ви е потребна сила и охрабрување за да издржите во време на неволја?
Можеби поминувате низ големо разочарување или некоја тешка ситуација моментално. Ве предизвикувам, не седете сожалувајќи се или да дозволите околностите да ве надвладеат. Една од најдобрите работи што можете да ги направите е да му помогнете на уште некој кој има потреба.
Библијата ни кажува,“Бог ја тргна неволјата од Јов кога тој се молеше за неговите пријатели“. Зар не е интересно, што Јов не го доживеа својот пробив со седење и сожалување. Тој не беше исцелен кога се молеше за себе. Ние секако треба да се молиме за нас и да му ги кажеме нашите барања на Бог, но ако навистина сакате да видите како нештата се менуваат, излезете надвор и бидете му благослов на некој друг. Барајте начини да ги охрабрите луѓето околу вас и забележете како вашата душа ќе стане освежена за возврат. Како што давате, ќе ви се враќа вам во секоја област од вашиот живот.