Многу околности што му нанесуваат штета на нашиот живот можат да се изменат. Потребно е да одвоиме малку време и да го одбереме најдобриот начин на дејствување во врска со она што ни го отежнува животот. Можеби тоа ќе го постигнеме со помош на некој близок пријател во кого имаме доверба. Помага и тоа кога тешкотиите ги посматраме со очите на некој друг човек или ако ги прифатиме решенијата што можат да ги предложат другите умови. Тогаш е потребно да вложиме сестран напор за да го измениме она што треба да се измени – она што може да се измени. Некој друг проблем можеби бара повеќе проучување или повеќе разбирање. Понекогаш во човековиот живот се појавува очајна потреба за подобра размена на мислења, дури меѓу луѓето кои живеат близу еден до друг.
Слушнав еден проповедник како раскажува за некој жена што дошла да се посоветува со него за тоа како да се разведе од својот маж. Била добар верник и сакала да добие упатсво за првите чекори што треба да ги преземе.
“Зошто сакаш да се разведеш од мажот?“ ја прашал проповедникот. Повеќето луѓе сметале дека тие имаат нормален, среќен брак и ниту таа ниту тој не се обвинувале еден со друг поради неверство или поради други слабости.
Од почеток не сакала ништо да му каже на својот проповедник, но на крај рекла: “Страшно ме лути!“
“Како успева во тоа?“, продолжил проповедникот.
По кратко размислување жената ја раскажала вистинската сторија. “Секој ден кога ќе се врати од работа дома, веднаш фаќа некоја книга и почнува да чита. Кога ги прелистува страниците, тој тоа го прави вака!“ Покажала како го прави тоа – мошне нагласено при што се создавало непотребно шушкање. Но, тоа многу и пречело, така што дури и сонот и го нарушувало. “Јас тоа го поднесувам 40 години и неможам повеќе да го издржам!“, извикнала.
“Дали за тоа разговараше со својот сопруг?“, ја прашал проповедникот. “Не“, признала. “Не сакав да ги навредувам неговите чувства!“
Д-р Семјуел Џонсон остроумно пишувал: “Проучувајќи ги ситниците, ние постигнуваме голема вештина да доживееме помалку несреќи и повеќе среќа.“ Ако го занемариме овој мудар совет, тие ситници можат да имаат спротивно дејство во нашиот живот.
Во споменатиот случај проблемот со помош на пасторот бил отстранет. Меѓутоа, повеќето проблеми кои ни донесуваат безсони ноќи не можат да се изменат. Мораме да научиме да ги прифатиме и да сториме се за да извлечеме најмогу полза од нашите животни прилики. Кога секојдневно правиме се што можеме, решавајќи ги проблемите што доаѓаат, ќе живееме во мир. Тоа ќе придонесе да се отстрани стравот од она што можеби дури и никогаш нема да се случи. Добро е да се има на ум дека “најтешко се поднесуваат оние несреќи што никогаш нема да се појават.“