Си била една приказна за еден човек кој бил на еден брод и кого го снашла страшна бура. Неговиот брод се превртел и тој завршил на еден напуштен остров сосем сам. Поминувале недели, и тој се чувствувал толку очајно, толку избезумено. Не ни помислувал дека некогаш ќе биде пронајден. Тој се молел секој ден, но изгледало како Небото да молчело. Тој се трудел да даде се од себе. Тој дури изградил колиба со сламен покрив за засолниште и станал прилично добар во риболов и собирање храна.
Времето поминувало и немало никакви знаци дека неговата положба ќе се промени. Всушност, еден ден баш кога помислил дека не може да биде полошо, излегол надвор да најде храна и кога се вратил видел дека неговата мала колиба која ја изградил била запалена. Тој само седел таму, запрепастен, гледајќи како единствената работа која ја имал како гори. Тоа било како да ставаш сол на неговата рана. Тој паднал на неговите колена и рекол : “Господе, се предавам. Те молев да ми помогнеш, но постојано се случуваа лоши работи. “
Па, еден час покасно, Крајбрежната стража се појавила да го спаси. Човекот не можел да поверува! Тој бил возбуден. Рекол: “Како ме пронајдовте?“ Тие одговориле : “Го видовме чадот како доаѓа од големиот оган кој ти го направи.“
Пријатели, понекогаш она што изгледа како разочарување на нас е всушност Божјо подготвување за нас кон ново ниво. Можеби се чувствувате како овој човек, погоден од бурите на животот , сами на остров со вашата колиба запалена. Но, наместо да станете негативни и огорчени, забележете дека Бог се уште има добар план за вашиот живот. Тој делува во позадина. Тој ги зема тие разочарувања и обесхрабрувања, и ги користи за да ве ослободи. Дури и кога не разбирате што се случува во вашите околности, разберете дека Бог ги користи за ваше добро. Тој има план да ве благослови и да ве развие и да ве направи посилни и подобри од кога и да е!