Добро наместо зло

Многу совети што ги кажал Соломон го сочувале своето значење и му донеле голема слава. Ако внимателно ги проучуваме ќе заклучиме дека повеќето од нив потекнуваат од искуствата на чистиот и здрав разум. „Благиот одговор го стивнува гневот, а грубиот одговор разгорува срдба“ (Мудри изреки 15,1)

Времето не успеало да ја намали вредноста на ова тврдење. Благите зборови можат да создадат чуда во нашите меѓусебни односи.

На некоја жена што била сопственик на еден мал хотел по телефон и е упатено непристојно прашање: „Колку чини едно преноќиште во вашата малечка свинска кочина?“ Бргу одговорила: „Седум фунти за првата свиња и три фунти за секоја дополнителна свиња во иста просторија. Колку свињи имате во својата група?“

Сите не можеме да смислиме ваков одговор на навредливото прашање што ни е поставено. Остриот и згоден одговор обично ни паѓа напамет дури откако ќе помине решителниот миг. Што добиваме ако на навредите одговараме љубезно?

Во секојдневните односи со другите луѓе нас треба да не раководи начелото што е втемелено врз искуството дека никој не е совршен. Секој од нас има добри и непожелни црти во својот карактер. Ако кај другите го бараме и издигнуваме она што е добро, го издигнуваме доброто што се наоѓа во нас.

Некој непознат поет таа вистина ја искажал со оваа песничка :

„Малку повеќе нежност,

Малку помалку догми,

Малку повеќе несебичност красна,

Малку помалку алчност гнасна,

Малку повеќе ние,

Малку помалку јас,

Малку повеќе смев,

Малку помалку плач и грев,

Малку повеќе цвеќе,

за животот да свети и биде како рај,

И малку помалку венци и свеќи

на гробиштата за животниот крај.“