Филозофија за животот и чајот

Една група на поранешни студенти, сега успешни деловни луѓе, се собрала да посети еден стар професор од факултетот.
Разговор наскоро се претворил во поплаки за појавата на замор, исцрпеност, стрес на работа, во семејниот живот, стрес на секој чекор.

Професорот ги слушал со внимание и сочувство. „Ми се чини дека ви е потреба по една добра шолја чај “, рекол професорот и се повлекол во кујната. Се вратил со голем лонец од кој испарувал мирисот на чајот и со цел асортиман на шолји. Секоја била поинаква. Тука имало порцелански, пластични, стаклени, книжни, кристални, керамички…

Некои изгледале скапоцено, како да стигнале од дворецот на последниот кинески цар, некои пак изгледале сосема обично, некои од нив пак биле оштетени и поткршени…
„Послужете се “. Кога сите бивши студенти имале шолја во рацете, професорот забележал:
– Убавите и скапоцените веднаш ги снема. На масата останаа, недопрени, грди, обични ефтини шолји. За себеси ги сакате само најдобрите, што воедно е и извор на стрес.
Но сепак изгледот на шолјата не придонесува за вкусот. Поубавите садови обично се само поскапи, а понекогаш и го засенува она што ќе го испиеме.
На сите вас всушност ви беше потребен еден добар чај, а не шолја.
Сепак посегнавте по најдобрата.
А потоа продолживте да ги меркате туѓите шолји.
Кога ќе се фатите во вртлогот на стресот и незадоволството, сетете се дека чајот е како животот.
А работата, парите и позицијата во општеството… – како шолјата.
Шолјата не го дефинира, ниту го менува квалитетот на животот кој го живееме.
Понекогаш сконценрирајќи се само на шолјата, го пропуштаме уживањето во чајот. Пијте го чајот а не шолјата.
Најсреќните луѓе немаат се најдобро, тие го извлекуваат најдоброто од се. Живеат едноставно. Зборуваат љубезно. Сакајте великодушно.
Знам дека нема друга среќа за човекот освен да се весели и да прави добро за време на својот живот. И кога човекот јаде и пие и ужива во својот труд, и тоа е Божји дар. (Проповедник 3:12-13)