Како да ја проучувате Библијата

Во раните дваесетти години од овој век еден евангелист ја опишал Библијата како чудесно место.
Еве што напишал тој:

Влегов низ портите на книгата Битие. Се движев низ уметничката галерија на Стариот Завет и внимателно ги разгледував ѕидовите на кои висеа портретите на Аврам, Мојсеј, Јаков, Јосиф, Даниел, Исаија, Давид и Соломон.

Потоа влегов во музичката просторија на Псалмите каде Светиот Дух ме инспирираше да разберам дека Бог и неговата прекрасна мелодија е во хармонија со Давидовата харфа и Соломоновиот шарм.

Се прошетав низ работната просторија на Пословиците.

Влегов во обсерваторијата на Пророците во која видов повеќе видови на ѕвезди и соѕвездија. Некои од нив беа само најава за појавувањето на некои следни ѕвезди и настани. Но, сите тие заедно беа сконцентрирани на Една Голема Ѕвезда која ја чекаа да се роди за да биде употребена како откупение од гревот.

Потоа влегов во приемната соба на Кралот над Кралевите каде примив визија од четири страни – од Евангелијата на Матеј, Марко, Лука и Јован. Следеше престојот во дописната просторија на Петар, Јован, Павле, Јуда и Јаков, од која тие ги испратиле своите пораки до светот.

Потоа влегов во Делата на Апостолите и видов како Светиот Дух ја формира Светата Црква. Продолжив, и влегов во просторијата каде беше сместен престолот, и, видов врата, и, скали кои водеа нагоре….. и кога таму горе, Го видов Него!

А Тој, Тој беше посјаен од утринското сонце!

Тоа беше Тој, Исус Христос, Синот Божји!

И, така јас Го пронајдов мојот најдобар Пријател. И кога сите ме изневерија, Тој остана Верен.

Библијата е книга која ги поразува генијалните умови и ги сведува да ја признаат нејзината мудрост, која со својата содржина ги пленува нивните срца и ги препородува за нов живот – исполнет со радост, мир и задоволство. Таа, исто така, ги просветлува умовите на простите и невештите во знаење и ги воздигнува со својата духовна содржина, над секоја човечка мудрост.

Кога таа се прифаќа со вера ги воздигнува моралните вредности на народите и поединците и ги менува мислите, срцата и чувствата, кои до мигот на прифаќањето на истата, се со грешни намери, спротивставени на нејзината воља.

Проникнувањето во нејзината суштина и разбирањето на нејзиното значење имаат огромна важност, бидејќи oд првата страна до последната Авторот на Библијата е Бог.

Главната тема на Библијата е доаѓањето на Исус Христос на земјата и неговата жртва на Голгота. Се тоа што е направено на Голгота – преку Неговата смрт на крст – е за да го откупи грешното човештво од неговите гревови и да му овозможи преку вера во Божјиот Син, да постигне вечен живот.

(Јован 3:16, Ефешјаните 2:8)

Проучувањето на Библијата вклучува четири важни процеси, и тоа:

  1. Читање;
  2. Толкување – (Библијата ја толкува Библијата);
  3. Потврда на толкувањето – Од устата на двајца или тројца сведоци;
  4. Испитувањето на Библијата од еврејска перспектива – методот/начинот на кој Бог овозможил да го разбереме Неговиот план на откупение и нашиот личен однос со Него.

Која е нашата цел при проучување на Библијата?

  1. Да се охрабриме и потикнеме еден со друг кон љубов и вера во Бога (Евреите 10:24- 25)
  2. Да растеме во знаењето за Бога (2 Петрово 3:18)
  3. Да бидеме благословени од Бога (Псалм 133:1-3, Дела 2:1-2)
  4. Да Го прославиме Бога (I Коринтјани. 10:31, I Петрово 4:11)

===> Псламот 40:7 е клучниот стих за разбирање на Библијата.

Ти реков:Еве доаѓам! Во книжниот свиток пишува за Мене. (Пслам 40:7)

Знаеме дека овој стих зборува за Исус затоа што е потврден и во Евреите 10:7 Тогаш реков:Еве, доаѓам, во книжен свиток за Мене е напишано, да ја исполнам Твојата Воља, О Боже.

(Псалм 40:7 = Евреите 10:7)

****************************************************
*  Библијата е книга во која е содржан Божјиот план за светот*
*и улогата на Месијата (Исус) во неговото исполнување.*

****************************************************

===> во Лука 24:44 Исус потврдува дека Законот (Torah), Пророците (Nevi’im), и Псламите (Chetuvim) зборуваат за Него, и воедно ја даваат основата за разбирање на значењето на Псалмот 40:7.

 

1. Читање на Библијата

Проучувањето на Библијата започнува со нејзинoто читање. За жал, повеќето луѓе не успеваат да стигнат до оваа фаза. Можете да го вложите своето време во читање на духовна литература која во основа ја обработува Библијата или се однесува на неа, но во ниту еден случај не постои доволно добра замена за Библијата.

Библијата има 66 книги од кои Стариот Завет има 39, а Новиот Завет 27 книги.

Стар завет

Стариот Завет бил напишан на еврејски јазик. Тоа е едноставен, конкретен и инспиративен јазик во кој зборовите имаат длабоко значење.

Еврејскиот народ се повикува на Стариот Завет користејќи го акронимот TeNaCh.

Овој акроним се состои од:

a. Законот/Torah – Првите пет Мојсееви книги,
b. Пророците – Nevi’im (Исаија, Еремија, Даниел, Езекил итн.)
c. Списите – Chetuvim (Псалми, Пословици, итн.)

Исус во Новиот завет се повикувал на Стариот Завет посочувајќи на TeNaCh.

*И Им рече:Тоа се зборовите што ви ги зборував додека бев уште со вас, дека треба да се исполни се што е напишано за Мене во Мојсеевиот Закон (Torah), во Пророците (Neviim) и во Псалмите (Chetuvim). (Лука 24:44)

Ви препорачувам да започнете со читање на Првата Мојсеева книга. При тоа многу е корисно да практикувате на маргините од Библиските текстови или во бележник, да ги запишувате сите прашања кои ќе се појават во текот на читањето. Ќе забележите нешто многу интересно да се случува!- како ќе одминува времето поминато во читање и пречитување постепено ќе ги добивате одговорите на вашите прашања.

Од таа причина е важно редовно и систематско читање.

Навистина, се што е напишано некогаш, напишано ни е нам за поука, за да имаме надеж преку трпението и преку утехата од Писмата.(Римјани 15:4).

Нов завет

Новиот завет преставува еден вид продолжение, повторување и потврда на она што е опфатено во Стариот завет.

Само двата дела (Стар и Нов Завет) заедно, чинат една целина која е корисна за издградување, поучување и опомена.

Новиот завет бил напишан на грчки јазик.

Во Посланието до Колошјаните 1:25-26, апостол Павле вели, 24 Кое е Црквата, 25 на која јас и станав служител, според Божјото слово; 26 тајната, која беше сокриена за векови и поколенија, а која им е откриена сега на Неговите свети.

Таа тајна за која Павле зборува е откровението на Новиот завет. Во Посланието до Ефешјаните 3:3-9, Павле се опишува себе си како апостол на тајната. Новиот завет според него е само продолжение на Стариот Завет. Павле, Стариот Завет го користи за да го илустрира, разјасни и подржи постоењето на Новиот Завет.

Започнете со читање на првата книга од Новиот Завет – Евангелието според Матеј. Секој ден прочитајте по пет глави за кои ќе ви бидат потребни дваесет до триесет минути. Следете ја оваа рутина и во следните денови, и на крајот од седмицата ќе бидете пријатно изненадени од вашиот напредок во читањето. Потоа започнете со читање на следното Евангелие според Марко, и така се до последната книга од Библијата-Откровение на Јован.

На овој начин можете паралелно да ги читате Стариот и Новиот Завет. Со ваков систематски начин на читање до крајот од годината ќе успете да ја прочитате целата Библија – од корица до корица, а вашето знаење видно ќе се збогати.

Може да се случи да слушнете по некој коментар од луѓето, како: “Што и да правиш, прави, само немој да го читаш Откровението, многу е збунувачко!!!.”

Но, напротив, во првиот стих во книгата Откровение, Бог вели: “Блажен е кој чита и блажени се кои ги слушаат зборовите на пророштвото и го пазат напишаното во него, зашто времето е близу. ” (Откр. 1:3).

2. Толкување на Библијата (Методи);

 

А. Толкувањето на Библиските текстови бара “споредување на духовните работи со духовното” (I Коринтјани 2:13)

B. Вистината бара од нас да се покажеме “достојни пред Бога во правилното проповедање на Вистината” (II Тимотеј 2:15).

C. Вистината се потврдува “од устата на двајца или тројца сведоци”, односно усогласување на Библиски текст со Библиски текст. (Второзаконие 19:15, II Коринтјани 13:1, Матеј 18:16, Јован 8:16-17).

Пример: Исус вели дека постојат тројца сведоци кои сведочат за Него дека Тој е Месијата (Лука 24:44). Тие се: Законот (Torah), Пророците (Nevi’im) и Псламите (Chetuvim) — TeNaCh.

D. Ниту еден Библиски текст не може да го толкува кој како сака. (II Петрово 1:20-21).

E. Редовното читање на Библијата – услов за наша заштита од заблуди и лаги. (Марко 12:24, Дела 17:11, Дела 18:24-28, I Коринтјани 1:18,21-24).

Што да се избегнува!

Не извлекувајте заклучоци врз основа на еден стих.

Не смеете да ја “присилувате” Библијата да го кажува она што вие сакате да го слушнете. Не вадете ги од конекст зборовите и речениците од Библијата со цел да ги подржите вашите лични тврдења и желби.

Избегницвајте површни Библиски проучувања.

За жал некои проучувања се состојат од предрасуди и претпоставки од видот на: Јас препоставувам дека овој стих значи ….. ” или “Што овој текст претставува за тебе? “.

За успешно проучување на Библијата потребно е да ја проучувате заедно со некој кој веќе е добро запознаен со нејзината содржина.

Толкувањето бара труд. Не прифаќајте го полесниот начин верувајќи му секому што ќе ви каже за Библијата. Секогаш проверувајте ги информациите дали се во согласност со Библискиот текст што се однесува на конкретната област.

Можеби ќе ви бидат понудени повеќе верзии, но запомнете дека:

ВИСТИНАТА Е САМО ЕДНА, и

ВИСТИНАТА НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ПРОВЕРКА !

Немојте да го вдахнувате значењето на текстот.

Многу луѓе се обидуваат Библиските текстови да ги претворат во приказни со цел да ги истакнат “скриените пораки.” Немојте да го менувате духовното значење на Библијата. Библиските текстови се прецизни и не им е потребно никакво додавање ниту одземање.

Пополнување на празнини

Ако Библијата е Божјиот начин на кој Бог комуницира со нас, значи дека е потребно е да ги разбереме правилата на комуникација.

Како треба да комуницираме?

 

Јазик; Култура; Обичаи/традиции; Идиоми; Географија; Историја;

A.  Јазик. Оригиналниот Библиски јазик е Еврејскиот јазик —> Hebrew

Повикувајќи се на Стариот Завет (TeNaCh), Исус во Матеј 5:18 вели: Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква (Yod-најмалата буква во Еврејската азбука) ни цртичка (Taggim-додатоци на Еврејските букви во Библијата) не ќе ја снема од Законот додека не се збидне се.

Со овој стих Исус го истакнува значењето на Еврејскиот јазик во откривањето на суштината на Библиската Вистина.

B. Култура. Се работи за Еврејската култура, односно културата на Блискиот Исток. За да целосно се разбере Библијата, непоходно е да се научи за географската поставеност на Израел и историјата на израелскиот народ.

Еве како тоа изгледа: Во Евангелието според Јован 1:1 читаме: “Во почеток беше Словото, и Словото беше со Бога, и Словото беше Бог.”

Следи прашањето: Зошто Јован едноставно не напишал: “Во почетокот беше Исус???”

И, така, преку проучување на културата од времето во кое Јован пишувал се доаѓа до одговорот дека зборот “Слово” (на грчки, ho logos) имал големо значење како за еврејската, така и за грчката култура.

Имено, за Грците овој збор претставувал филозофски термин кој означувал збир на вкупната космичка енергија која предизвикала создавање на се што постои. Додека истиот збор за Евреите ја претставувал природата на Личноста на Бог. Значи, апостол Јован се обидел да употреби збор кој ќе биде успешно разбран од пошироките маси на тоа време, опишувајќи го Исус како Лична манифестација на Семоќниот Бог.

C. Обичаи/традиции. Обичаите се тесно поврзани со културата на секој народ. За да ги разбереме Божјите инструкциите за нас важно е изучувањето на обичаите на Израелскиот народ дадени од Бог, и нивното значење и намена,. (Римјани 9:2-5, I Летописи 28:11-13)

D. Идиоми. Претставуваат фрази, поговорки или жаргони кои се користеле во јазикот, културата и обичаите на одредена група на луѓе во одреден период од историјата.

Еве еден пример од Библијата.

Во Матеј 6:22-28 се зборува за “бистро око” и “лукаво око” !

1. Кое е значењето на зборот “бистро око”?  – претставува личност која е милостива (Пословици 22:9). Зборовите ‘милостиво’ (Пословици 22:9) и ‘добро’ (Битие 1:4) го имаат истото етимолошко значење во еврејскиот јазик.

2. Кое е значењето на зборот “лукаво око”? – претставува личност која е завидлива/опака. (Пословици 23:6 ; Второзаконие 15:9)

—–>  Потврда како Библијата самата себе се толкува.

Географија.

Познавањето на Библиската географија е корисно со цел да го дознаеме патот по кој Божјиот збор се ширел.

Историја. Познавањето на историските факти е основа за разбирање на Библиските настани.

На пример, за да се разбере односот помеѓу Пилат и Исус е потребно познавање на настаните кои преходеле на нивната средба. Имено, Пилат кога за прв пат бил именуван за началник на областа Јудеја, се обидел на еврејскиот народ да му наметне паганска култура и обичаи. Со тоа предизвикал незадоволство кај еврејскиот народ кој резултирал со зачестени инциденти. Поради таа ситуација, Рим не бил задоволен од владеењето на Пилат, тврдејќи дека тој е неспособен да го одржи мирот и стабилноста во регионот. Пилат загрижен за својата политичка положба, дозволил Исус да биде распнат.

Чекори за следење

Користете изворни инфомации. Настојувајте да го разберете Словото на оригинален и природен начин. Значењето на сите симболики  и форми на говор – параболи- кои се присутни во Библиските текстови, ќе бидат очигледни од контекстот на напишаното.

Секој друг начин кој е спротивен на предходниот е погрешен.

На пример, некои еврејски рабини (учители) користат gematria (наука за нумеричко толкување на еврејските букви) со цел да ги толкуваат библиските текстови. Еве еден пример за тоа: на  консонантите од името на Аврам (Abraham), –b, r, h, m– ги додале нумеричките еквиваленти, и го добиле бројот 318. И така тие тврдат дека Аврам имал 318 слуги!!!! Но дали Библијата ја споменува таа бројка? Не!

Затоа е важно да се внимава на изворното (еврејското)  значење на зборовите.

Споредувајте ги вашите толкувања со целата Библиска порака. Овој важен принцип на толкување на Библијата, реформаторите го нарекуваат analogia Scriptura – кој означува дека Библијата е хармонична книга, сите книги во неа се совпаѓаат. Во неа не постои ниту еден дел кој учи за нешто кое е контрдикторно со некој друг дел од истата.

Анализирајте ја структирата на речениците. Во секоја реченица обидете се да ги идентификувате глаголите, именките, сврзниците и другите додатоци. Ваков пример има во Матеј 28:19: “Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици. Крштевајќи ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат се што сум Ви заповедал.”

Прво што читате се зборовите “одете”, “направете, “крстете”, и “учете”, и сите звучат како глаголи. Но, кога ќе ја разгледате структурата на реченицата ќе видите дека во неа има само еден глагол matheteuo(грчки)” кој значи  “направете” (ги Мои ученици). Зборовите “одете”, “крстете”, и “учете” се само додатоци кои го формираат значењето на основниот глагол.

Значи, пораката во Матеј 28:19 е да апостолите од народите направат Негови (Исусови) ученици со тоа што ќе ги крстат и научат на Божјиот Закон.

Заклучок: Внимателно рагледувајте го граматичкото значење на зборовите, пред да донесете било каков заклучок.

Барајте ги Библиските принципи. Пречитувајте ги текстовите и пронајдете ги Библиските принципи кои е потребно да ги практицирате во вашиот живот. Тоа успешно ќе го сторите само доколку предходно изворно сте го протолкувале текстот, анализирале во својот контекст и место во структурата на реченицата, и откако сте ја споредиле својата верзија со значењето на целиот контекст.

Пренесување на знаењето

Најдете некого кој е спремен да учи и кој има помалку знаење од вашето, и на систематски начин пренесете му го своето знаење. Хранејќи ги другите, всушност се храните себе си.

Заклучок

Сега откако научивте неколку важни чекори за читање и правилно проучување на Библијата, следен чекор ќе биде секој еден од вас да ја создаде оваа навика и да ја вкорени во својот карактер и личност.

Пословици 3:6: “Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе го исправи твоите патеки. “