1. Вежбајте на одлучувањето – насочете го својот ум позитивно, откако сте ги увиделе фактите – и држете се до својата одлука, и бидете спремни да ги промените само кога се спротивни фактите. Подобро е да направите грешка, отколку да бидете неодлучни. Понекогаш запишувањето на одлуките и помага на личноста цврсто да се држи до одлуките кои ги донела.
2. Завршете ја претходната работа пред да започнете некоја нова. Немојте да скоката од една на друга работа и така да се вртите во круг.
3. Понекогаш игрите можат да помогнат за развој на способноста за одлучување. Како на пр.тенис и др.
4. Ако направиш ненамерна грешка, продолжи да се бориш.
5. Стани од креветот во она време кое си го имаш зацртано. Одлучи го тоа вечерта и стани така утрото.
6. Читај длабоко и смислено и натерај го својот ум да го разбере и запамти она што си го прочитал. Прекумерното читање на емотивни фантазии ја слабее волјата.
7. Волјата се јакне со вежбање на самоодрекнување и самоконтрола. Вежбај отфрлање на попустливост спрема себе си.
8. Поврзи ја својата волја со Божјата енергија така што ќе бараш oд Бог да ти ја зајакне волјата.
9. Практикувај здрав начин на живот со добра исхрана, вежбање и одмор.
10. Научи се плански да ги работиш работите во животот, а не импулсивно.
Ако ти изгледаат тешки горенаведените вежби да ги примениш во пракса, почни од наједноставните додека потполно не ги совладаш. После помини на потешките итн. Ако и понатаму ти е тешко, пробај со Бог да разговараш за тоа и барај од Бог да те зајакне со својата сила. Кога ќе ја зајакнеш својата волја, тогаш навистина ќе владееш со својот живот.
Користена литература: Како да се унапреди мозокот” Др.Елден Чалмерс