Кога ќе пораснам, сакам да бидам…

По педесетти пат на вашиот семеен собир, далечна роднина ти приоѓа и те прашува што планираш да правиш во својот живот по средното училиште. И, по педесетти пат, ти немаш идеја што да кажеш. Земаш уште еден залак и мрмориш со полна уста.

Како растев, мора да го слушнав тоа прашање илјада пати. Во почетокот им одговарав на луѓето “Сакам да бидам писател“. Но откако добивав некои повратни прашања, како “Колку пари се заработува со тоа?“ и “Како ќе го правиш тоа?“, променив. “Сакам да бидам доктор“ – реков. Овој одговор покажа насмевки на одобрување, па си заминав.

Во првиот семестар на факултетот открив дека сум ужасен по хемија, лабораторија и предавањата. Тестовите беа кошмар. Едноставно не сакав хемија – или наука воопшто. Во што се вовлеков? Бев целосно збунет за правецот на мојот живот, а факултетот штотуку започна. Дури и полошо, глумев толку добро пред луѓето дека ќе станам доктор.

Несигурноста за изборот за кариера е честа во средните училишта. Ако се прашувате што да правите по матурирањето, не сте единствени. За среќа, Исус не сака да ве остави со ова прашање сами. Еве неколку чекори да преземете за да ја откриете вашата кариера.

1. Барајте, знаејќи дека Исус има план

Исус рекол: “Барајте го најнапред царството Божјо и Неговата праведност, и се друго ќе ви се додаде.“ (Матеј 6,33) Паметно е да се започне овој пат со ставање Исус на прво место. Со други зборови, кажете си себе си, Поважно од кариерата за мене е Исус Христос.

Без разлика какви сте, Бог јасно ни кажува во Библијата дека сте “прекрасно создадени“ (Псалм 139,14) Како следбеник на Христа, можете да бидете сигурни дека Тој има план за вас, и дека ако го барате Него со цело срце за ова прашање, ќе го најдете Него и Неговиот одговор. (Еремија 29,11-13).

Тешко ви е да поверувате? Вие сте во добри раце. Дури и првите ученици, кои оделе со Исус пред Неговата смрт и воскресение, се прашувале за нивните планови ( Матеј 16,21-23). Тие испаднале на добро – сите Христови ученици живееле, извршиле добро влијание, и умреле понизно за царството Божјо.

Дали се прашувате себе си “Зошто едноставно Бог не ми даде неонски знак на небото и да ми каже што да правам? Бог е секогаш посуптилен од тоа. Често, Неговите одговори се пред нас уште пред да ги поставиме.

2. Желби , соништа и таленти – кои се твоите? Извадете лист хартија и наведете три наслови:

  • Што имам желба да правам?
  • Што сакам да правам?
  • За што сум добар/а?

Запишете се што ќе ви текне од секоја категорија. Не одбирајте, само наведете се што ќе ви падне напамет. Подоцна, можете да ги пречкртате идеите за кои ќе одлучите дека не припаѓаат.

Многу пати задачите кои Бог ги има испланирано за вашата иднина одговараат со интересите, желбите и способностите кои Тој ги создал во вас. Употребете ја листата која ја направивте за да ви помогне да одлучите за многуте работи кои може да ги правите во вашиот живот.

3. Информирајте се

Одете кај некој возрасен за кој знаете дека има вистинска вера и чиј живот го покажува тоа. Прашајте: Во што најдобро ги користам моите таленти на слава на Бога? За што мислиш дека имам дарба?

Кога ќе земете совет и охрабрување од тие возрасни, одете во собата и запишете што рекле тие. За да се организирате , можете да ги запишете овие работи на позадината на листот што го направивте во Чекор 2. Овие запишани коментари на возрасните ќе ви послужат за понатамошното истражување. Можете да отидете уште до неколку верни возрасни и да побарате совет и од нив исто така.

Размислете за што луѓето ве пофалиле во минатото. Дали биле импресионирани од вашиот музички талент? Вашите разговорни способности? Вашата љубов кон малите деца? Вашите водечки способности? Запишете ги овие работи во вашите забелешки.

4. Проверете ги вашите плодови

Друг начин да откриеме што Бог сака да направиме е да видиме кој “плод“ Тој пораснал како резултат на нашите способности. Навратете се на добрите работи кои произлегле од нешто што сте направиле. Дали луѓето го прифатиле Исус откако сте им го објавиле евангелието на нив? Можеби евангелизмот е еден од вашите дарови ( Ефесјаните 4,11)

Дали успешно сте охрабриле пријатели во неволја, дали имате “шесто сетило“ кога на вашиот пријател му е потребна утеха? Можеби охрабрувањето е ваш дар. Римјаните 12,8 вели дека охрабрувањето е дар, меѓу другите прекрасни дарови, како љубезноста, водството и милоста.

Дали имате помогнато на некој подобро да ја разбере Библијата или сте одговориле на некое прашање за Бог? Можеби учењето е ваш дар, или можеби помагањето на луѓето. Обата дара се спомнати од апостол Павле во 1 Коринтјаните 12,28 . Дали сте добри во помагање на луѓе?

Дури и ако сите очекуваат од нас да го објавуваме евангелието, да охрабруваме луѓе, и да им помагаме на луѓето, Бог ни дал на секој од нас одредени дарови во кои сме натпросечни. Овие се наречени духовни дарови.

5. Зајакнете се со работа

Сега кога знаете кои се некои од вашите духовни дарови, разработете план за факултет со услови за зајакнување на овие дарови. Бог го направил нашиот дар слично како што ги направил нашите тела: колку повеќе работите на нив, посилни стануваат.

Бог се воодушевува кога ние ги негуваме даровите кои Тој ни ги дал. Исус раскажал парабола за еден благороден човек кој заминал во далечна земја да биде крунисан за крал, оставајќи ги неговите слуги со некои дарови да одгледуваат додека тој се врати. Кога човекот се вратил како крал, тој дознал дека еден од слугите го зголемил неговиот дар многу. На овој слуга, кралот му искажал зборови кои сите сакаме да ги слушнеме: “ Добро сторено, добри слуга.“ ( Лука 19,17)

Благородниот човек е Исус, кој зборувал за Себе – кога Тој ќе се врати како Крал, на оние кои ги зголемиле своите таланти кои Тој им ги дал, ќе им биде речено “ Добро сторено“. Размислете за програма за факултет која би ги зајакнала вашите дарови на слава на Бог !

Без разлика што ќе одлучите да бидете кога ќе пораснете, запаметете го ова: одлучувањето сега не значи одлучување за цел живот. Барајте го Бог најпрво во се што правите, и секогаш ќе имате алатки потребни да направите одлуки по Божја волја низ животниот пат.