Еден човек, кој неочекувано наследил големо богатство, зазел соба во еден луксузен хотел. Штом се сместил во својата нова средина, и заповедил на рецепцијата секое утро да го разбудат во 5 часот. Секое утро кога телефонот би заѕвонил точно во 5 часот, би ја зел слушалката и сонливо би мрморел: „ви благодарам, но јас не треба да станам толку рано.“ Потоа мошне задоволен би се свртел на другата страна и би заспал.
Иако не е потребно да одиме толку далеку, сепак треба да сториме се и најдобро да ги искористиме можностите што ни стојат на располагање. Меѓутоа, сите добро знаеме дека човекот никогаш не е подготвен да ужива во она што животот му го пружа моментално. Си спомнувате додека сте биле малечки колку сте сакале да пораснете, да им се придружите на сериозните луѓе и сами да донесувате одлуки. Кога сте стапиле во пубертет, сте сакале да бидете постари за да можете да уживате во предимствата на постарите. Но, кога ќе остварат статус на возрасни, луѓето почнуваат да жалат за времето кога нивното тело било силно, кожата мазна а косата густа и сјајна. Ако не верувате во тоа, послушајте ги младите како раскажуваат за своите соништа за иднината, а старите како раскажуваат за изминатите златни години.
Кога правилно ќе ги примениме и ќе ги прифатиме, сеќавањата можат да и позајмат сила и радост на сегашноста. Нашите минати искуства и искуствата на другите можат да не водат и вдахнуваат сега. Соочен со најсилното искушение во својата младост ,библискиот јунак Давид собирал храброст од она што му се случувало во минатото. Соочувајќи се со силниот Голијат, рекол: “Господ, кој ме сочува од лав и од мечка, ќе ме сочува и од овој Филистеец“ (1.Самоилова 17,37).
Од овој мудар совет се издигнува мудрост потребна на целиот свет :
“Заборави на минатите победи ако тие те прават горд,
Спомни си за нив само за да те прават силен,
Заборави ги минатите порази кога трубата вика на борба.
Спомни си за нив кога си наклонет да се фалиш.“
Ако дозволиме сеќавањата на она што поминало или соништата за иднината да не задржат од уживањата во сегашниот живот, ќе доживееме блиската радост да ни побегне од рака.