Текстови

Намалување на животниот товар

Цел синџир на дисконтни дуќани развиени ширум во сите држави на САД наполно пропаднал. Поради што се случило тоа? Дали нивната стока била со послаб квалитет или цените им биле превисоки?

Еден трговец од конкурентскиот блок го дал следното објаснување: „Тоа се случи затоа што вработените кај нив беа намрштени, неучтиви и нељубезни кон купувачите.“ Современите купувачи не ги следат само цените и квалитетот, туку очекуваат и добра услуга.

За човекот да се намршти потребно е да се покренат 72 мускули, а само 14 да се насмевне. Без оглед на тоа како ја сфаќаме нашата надареност, секој од нас го поседува скапоцениот дар на љубезноста што во поголем број случаи може да се искористи во соработка со некој поголем дар. Еве еден сликовит опис на овие исклучителни можности што ги остваруваме со нашата љубезност:

„Не чини ништо, но многу создава. Таа ги збогатува оние што ја примаат, а не го намалува богатството на оние што ја даваат. Се случува за миг, а споменот на неа трае цел живот. Никој не е толку богат за да може да напредува без неа, и никој не е толку сиромашен за да не може да стане побогат за една насмевка. Таа создава среќа во домот, негува добра волја во работата и е лозинка на секој пријател.

Таа е одмор за уморните, сончева светлина за обесхрабрените и најдобар лек против отровот на несреќата. Сепак, насмевката не може да се купи, да се измоли, да се позајми или украде, зошто таа никому не му носи никаква земна корист се додека не му ја подари на некој друг.

А ако некогаш се случи некој да е толку уморен за да не може да ти даде насмевка, зошто тогаш не би му оставил ти нему една своја?
Никому насмевката не му е потребна толку како на оној што нема да ја даде.“