Трудољубивоста и уредноста во извршувањето на секојдневните обврски се должности кои можеме да ги научиме ако согледаме како Бог работи и се грижи за сето она што го создал. Толку е разнобразен светот. Колку звезди има во вселената? Колку разновидни растенија и животни има на земјата? Колку, дури и за окото невидливи живи суштества живеат во морињата? А Бог непрестано се грижи за секој од нив во секој миг од нивниот живот. Колку луѓе тагуваат или се во неволја, а Бог секого од нив ги утешува и им помага. Ако се угледаме на Бога во Неговата трудуљубивост ќе имаме успех во секое започнато дело.
Спротивност на трудољубивоста е мрзливоста. Од мрзливост човек може да се разболе. Поради мрзливоста, многумина нема да ја почуствуваат користа од напредокот. Библијата зборува да внимаваме на времето, со други зборови да го користеме нашето време кое ни е дадено за добри дела и напредок. Мрзливоста доведува до глад, убиство на други и самоубиство. Мрзливоста многу семејства уништила. И за крај Соломон ќе каже ,,Трудољубивата рака збогатува а мрзливата осиромашува,, Па драги читатели ако оваа заразна треска е понекогаш присутна и кај вас молете се на Бога заедно да ја избркате од вашите животи.