Нова Година – Нова можност да направиш договор со Бог!

Кога стрелките ќе се поклопат на новогодишната полноќ, милиони луѓе си даваат ветувања сами на себе. Се заколнуваме дека оваа година ќе престанеме да пушиме, ќе изгубиме 15 кг, ќе напишеме новела, ќе ги подмириме нашите долгови, ќе се храниме поздраво, ќе одиме на одмор од соништата и.т.н. Членството во салите за вежбање одеднаш почнува енормно да се зголемува.

Но, до Март салите за вежбање повторно се испразниле. Овие ветувања е лесно да се направат, а истотака и лесно е да се прекршат. Ние не успеваме да ги исполниме овие ветувања поради тоа што си поставуваме цели, но не и план како да ги оствариме. Тешко е да оствариме нешто ако немаме точно определен план. Неуспехот да се испланира е планирање да не се успее, нели?

Што ако ова е годината кога сакаш да ја подобриш твојата врска со Бог? Оваа година немој само да го изговориш ветувањето туку НАПРАВИ ПЛАН!

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”367″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”359″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”500″}}]]

Бебешките чекори ќе те однесат таму каде што треба да одиш. Па, што би претставувале овие бебешки чекори? Тоа зависи од твојата лична заедница со Бог. Ако чувствуваш дека си оддалечен еден километар од Божјата патека, одлучи едноставно да се вратиш назад на таа патека. Најлесниот начин да се направи ова е преку едноставна молитва. Не ти треба некоја посебна форма на молитва и не треба да “знаеш како да се молиш“. Едноставно зборувај со Бог како тој да е твој пријател. Можеш да одлучиш пет минути дневно да поминеш во разговор со Бог. Ова можеш да го сториш додека патуваш спрема твојата работа, кога се тушираш или кога го шеташ кучето. Можеш и да се обврзеш секој ден да го започнуваш со молитва. Намести го алармот 5 минути порано од вообичаеното и откако ќе се разбудиш помини пет минути во разговор со Бог, спремајќи се да се соочиш си предизвиците што ги носи тој ден.

Ако веќе се молиш редовно, насочи ги своите сили кон проучување на Библијата. Многумина одлучуваат да ја прочитаат Библијата за една година. Ова е остварлива цел ако се оди по одреден план. Подели ја Библијата во 365 дела. Постојат бројни веб страни, книги и упатства како да се направи ова. Или едноставно можеш да решиш да поминеш половина час дневно со Светото Писмо. Вети си дека ќе прочиташ една глава наутро и една глава навечер пред да одиш на спиење.

Можеби чувствуваш дека во твојата врска со Бог недостасува служба? Во овој случај, потруди се да поминеш повеќе од твоето време во служба за другите и на тој начин во служба за Бог. Пронајди некоја волонтерска организација или разговарај со твојот пастор за тоа каде твоите дарови можат најдобро да се искористат. Во Ефесјаните 2:10 пишува дека ние сме Божји дела, дека сме создадени во Исус Христос за да извршуваме добри дела, којшто Бог ги приготвил однапред за да ги извршиме. Можеби токму оваа 2010 година е година кога ќе откриеш што Бог ти приготвил за да го извршиш.

Можеби си цврсто решен да ги израмниш сметките со Бог на финансиско поле? Ако ова е случај, тогаш заколни се дека ќе му даваш одреден проценто од твојот буџет назад на Бог (Библијата налага тоа да биде 10 %). Можеби нешто во твојот живот сеуште стои помеѓу тебе и Бог? Можеби сега е вистинското време да го отстраниш тоа нешто.

Што и да се одлучиш да направиш, први бебешки чекори. Бог не сака да доживееш неуспех во чекорењето со Него, па Тој ќе ти помогне ако се отвориш себеси за да ја примиш Неговата помош. Побарај од Бог да те упати во вистинската насока и да ги води твоите (бебешки) чекори.

Филипјаните 4:13 – “Се можам преку Бог кој ми дава сила.“ Направи ја ова твоја година. Направи ја ова Божја година. Никогаш не е предоцна да направиш договор со Бог. Бог ќе ти ја даде силата која е потребна за да издржиш. Направи договор со Бог и нека оваа година биде најдобрата во твојот живот.