Текстови

Нова облека

„Сите ние станавме нечисти и секоја наша правда како извалкана облека.“ (Исаија 64,5)

Двајца пријатели разговарале недолго откако постанале христијани по своја лична одлука. Едниот бил сиромашен, од многу безбожни родители; другиот доаѓал од богато религиозно семејство.

Откако секој од нив го опишал своето обратување, човекот кој потекнувал од богато, религиозно насочено семејство го запрашал оној другиот: “Како си одговорил на првиот повик на спасението кога си го слушнал Евангелието, а мене ми беа потребни години и години да го прифатам спасението?“

Сиромавиот човек одговорил: “Па барем тоа е лесно. Да претпоставиме дека некој ни понудил сосема ново одело. Јас веднаш би го прифатил тој дар, зошто мојата облека е целата истрошена и искината. Но твојот плакар е преполн со скапоцена облека. Исто е и со понудата на спасението. Ти веројатно си бил задоволен со целата своја добрина и некоја врста на побожност, па ти требало многу време да се увериш дека ти е потребна нова облека која ти ја нуди Бог во Исус Христос. Но јас веднаш бев свесен за мојата грешност, па затоа веднаш го прифатив Божјето опростување на гревовите.“

На сите луѓе очајнички им е потребно спасението во Исуса Христа. Пророкот Исаија вели дека целата наша правда е како извалкана облека. И сите кои ќе го препознаат своето духовно сиромаштво и се свесни за својата изгубеност и го прифатат непроценливиот дар на спасението кое доаѓа преку Исуса Христа, добиваат “нова облека“. Како сте облечени вие?

Никој не е доволно добар за да може да се спаси себеси; никој не е толку лош за Бог да не би можел да го спаси!