Од отровот од пчела се плаши целиот човеков организам. Веројатно многумина од вас знаат дека постарите луѓе дозволуваат да ги убоде пчела со објаснување дека тоа е одлично за ревма. Колку и да изгледа чудно, сепак постои и научна основа за тоа. Верувале или не, отровот од овој инсект е лековит. Но крајниот резултат на сите овие процеси е подобро здравје. По каснувањето, за да се одбрани организмот, се забрзува протокот на крв во болниот орган, се подобрува работата на жлездите со внатрешно лачење, се создаваат антитела, се намалуваат притисокот и холестеролот, а се јакне и срцевата мускулатура. Стручњаците посочуваат дека терапијата со отров од пчела е забранета за бремени жени, за луѓе алергични на отров од пчела, за оние со инфективни заболувања, со туберкулоза, со психички проблеми, со болести на црниот дроб, со гнојни заболувања и за оние со органски заболувања на централниот нервен систем.
Ако отровот се употребува во мали количества и под надзор на лекар, влијае не само на болните органи туку и на организмот во целина. Отровот може да се вшприца во телото со убод на инсект, инјекција и акупунктурна микроинјекција, да се земе во таблети или ампули со пречистен отров. Но, во организмот може да дојде низ кожата преку лековитите купки или масти. Пчелиниот отров го забрзува дотокот на крв во болниот орган и на тој начин влијае да поминат болките, ја подобрува работата на жлездите со внатрешно лачење, помага при размена на материите и при создавање антитела. Го намалува притисокот и го зголемува нивото на хемоглобин и бели крвни зрнца. Забележано е дека ја јакне срцевата мускулатура, дејствува противвоспалително, овозможува подобар сон и апетит. Со еден збор, организмот пред отровот се мобилизира. – Секоја пчела располага со капка отров тешка од 0,2 до 0,3 милиграми. Тоа е безбојна и густа течност, која со тек на времето станува горчлива со кисела реакција (до 5,5 ПХ). На воздух бргу испарува, се стврднува и содржи од 30 до 45 отсто сува материја, од кои 80 отсто се пептиди и белковини. Се раствара во вода и во киселини, но не и во алкохол. Сувиот отров е во сиво-белузлава боја и силно ја надразнува слузницата на носот и на очите. Отпорен е на температурни промени, така што смрзнувањето и жештината не влијаат на него. Во сув облик може да ги зачува својствата повеќе години, не му пречат ни бази ни киселини, но под влијание на бактериите и ферментите за варење ја губи делотворноста. Од пептидите најзначајни се мелин, адолапин (влијае да помине болката и да се смири воспалението), апамин (го подобрува лачењето на надбубрежните хормони кортизол и адреналин) и кардиопен (ја забрзува работата на срцето за 50 отсто, а силата на контракциите за 150 отсто). Досега се изолирани и изучени десетина белковини и пептиди од отровот на пчела од кои најголем број се употребуваат кај ревматични заболувања и кај воспаление на зглобови, кај рани кои бавно зараснуваат, кај воспаленија и кај намален имунитет. Помагаат и во случаи на бронхијална астма, гихт, алкохолизам, болести на дишните органи, кожни заболувања (псоријаза), стерилитет, го спречуваат згуснувањето на крвта и штитат од зрачења. Самолекување со пчелини убоди и препарати од отровот не се препорачува, а особено не би требало пчелата да не убоде во врат. Отровот може да предизвика бурни реакции кај пациентите склони кон алергии, па терапијата мора да се применува внимателно и под постојана контрола на кардиолог, ревматолог, алерголог, невролог и секако апитерапефт.
– Во тек на лекувањето со отров од пчела не смее да се пие алкохол, да се пуши, да се употребуваат силни зачини, да се јадат обилни оброци, ниту пак долго да се шета. За да се избегнат несаканите реакции неопходно е повремено да се прави анализа на крвта и на урината и да се контролира притисокот. Ако кај пациентот се појават реакции, лекувањето би требало веднаш да се прекине. По примената на оваа терапија пациентот се советува да лежи од 30 до 60 минути. Покрај тоа, се препорачува млечно – растителна диета богата со витамини, минерални соли и микроелементи, а секојдневно би требало да се зема и мед.