Текстови

ПЕТ РАБОТИ ВО ЖИВОТОТ ШТО НЕ МОЖАТ ДА СЕ ВРАТАТ

Девојка чекала авион во чекална на еден голем аеродром. Бидејќи требало долго да чека, решила да купи книга за времето побрзо да и мине. Со книгата купила и бисквити. Седнала во ВИП чекалната за да чита на мир. Покрај неа имало масичка на која ја ставила кесичката со бисквити, а од другата страна се наоѓал еден господин што читал весник.

Кога почнала да зема од кексот, зел и господинот. Таа била шокирана, но ништо не рекла. Продолжила да ја чита книгата. Во себе си помислила: ”Како не му е срам на овој човек да јаде од моите бисквити?! Да сум малку похрабра би го удрила! Секогаш кога таа би зела бисквит и човекот покрај неа, не обрнувајќи внимание на ништо, би зел по една бисквита. Така продолжиле се додека не останало само една бисквита. Девојката сега помислила:” Баш ме интересира што ке направи сега?! Човекот ја зел и последната бисквита и ја скршил на два дела. Ова е навистина премногу – си помислила девојката. Ги собрала своите работи, ги ставила во торбата и тргнала кон излезот од чекалната. Кога малку се смирила седнала на место каде што била сама. Ја отворила својата торба и се вчудоневидела – во нејзината торба се наоѓала кесичката со бисквити, неотворена, иста како што имал и господинот. Се почувствувала како крадец. Дури сега сфатила дека бисквитите што ги јадела биле на господинот што седел покрај неа. Господинот без нервоза, без препотенција ја поделил својата последна бисквита со неа.

ЗАКЛУЧОК:

Колку пати во нашиот живот сме изеле или ќе изедеме туѓа бисквита, а за тоа не сме знаеле или никогаш нема да дознаеме? Пред да дојдеш до брзоплет заклучок и пред да почнеме да мислиме лошо за другите – ГЛЕДАЈ со внимание во сите детали; многу често ситуацијата не е таква како што ни изгледа на прв поглед!!! Во животот постојат пет работи кои не можат да се вратат:

-Фрлениот камен

-Изговорениот збор

-Можност која е изгубена

-Време кое е поминато

-Љубов за која не се бориш