Текстови

Размислување според правилото сè-или-ништо (4 дел)

Стигнавме и до последниот дел од оваа тема, во кој ќе зборуваме за стратегии кои може да ви помогнат да се изборите со негативните примени на “сè или ништо“ начинот на размислување. 

Како да си помогнете доколку имате проблем со начинот на размислување: се или ништо? Почнете на картичка со големина од 7×12 цм. да правите список на сè-или-ништо зборови кои често ги изговарате. Запишете ги следните зборови на вашата картичка: секогаш, никогаш, морам, сè, ништо, бескорисно, ужасно, страшно, потполно и сосема. Ако се сетите на уште некои слични зборови од вашиот секојдневен речник, додадете ги на овој список. Потоа, во тек на неколку дена, запишувајте колку често ги изговарате овие зборови. Уште една корисна вежба за сè-или-ништо мислителите, според советот на др. Дејвид Бернс, е ,,размислување во нијансите на сивата боја”. За да ја примените оваа стратегија, обидете се да ги процените животните случувања на скалило од 0 до 100. Ако нешто не испадне токму како што сте се надевале, обидувајте се да размислувате за тоа како на делумен успех отколку на потполн неуспех. Во поголемиот дел од случаите можете нешто да научите од тие ситуации. Секое искуство од кое сте научиле нешто вредно, без оглед на тоа колку било тешко, не треба да го оцените како беден неуспех. Наградете се себеси со диплома на која ќе пишува: ,,Училиште за тешки удари”. Ако ништо не може да се направи да  се поништат последиците од тие тешки ситуации, сфатете што е тоа што можете да го научите и продолжете понатаму. 

Стратегии за успех
– Обратете внимание на сè-или-ништо изразите кои не се вистинити.- Држете се само до вистинитите сè-или-ништо изјави.- Избегнувајте негативни обрасци на размислување.- Проценете ги изобличувањата.- Запишувајте ги своите мисли.

Прифатете ги своите несовршенства

Значаен клуч за совладување на изобличеното сè-или-ништо размислување е да си простите себеси за помалите грешки во однесувањето, да учите од своите грешки и да ги земете во предвид човечките слабости. Христијанскиот поглед на светот препознава дека луѓето прават грешки, дури обезбедува и начин за признавање и простување на направените лоши дела. 

Освен усвојувањето на помалку оптужителни мисли поради грешките, исто така е важно да се избегнуваат апсолутни ветувања со кои за цел чекор се оддалечувате од неуспехот.  Неурамнотежените цели или строгите распореди (,,Никогаш повеќе во животот нема да задоцнам!”) тежнеат за секое отстапување да покренат реакција од типот на ,,веселба” и сл. Вие можете да ги избегнете ваквите реакции обезбедувајќи целите кои себеси си ги поставувате да бидат разумни и достижни. Во многу животни ситуации рационалниот начин да поставите цели е да дозволите текот на времето да покаже остварен постепен напредок, усвоени промени и прилагодени цели.

Когнитивни изобличувања и нивните поправки
,,Навистина не можам да поднесам одбивање”.,,Не сакам одбивање, но ќе го издржам тоа.”
,,Сега кога го изедов ова колаче и ја уништив својата диета, можам да изедам и цела кутија”.,,Мило ми е што можам да се прекинам на ова едно колаче знаејќи дека со тоа не сум ја зголемил/а својата тежина”.
,,Никогаш не ми се случуваат добри нешта”.,,Мора да признаам дека ми се имаат случено и некои добри нешта”.
,,Јас сум целосен неуспех”. ,,Прилично сум добар во некои области”. 
,,Воопшто не сум во состојба да го следам овој рекреативен програм; мислам дека ќе се откажам”. ,,Можам да ја постигнам оваа навика на вежбање, а веќе и самиот обид ќе има на мене позитивно влијание”.
,,Мојот маж не се сложува со мене и затоа немам негова поддршка”.,,Можеме да се сложиме дека во сè не мора да бидеме едно, без загрозување на нашата врска”.

Би сакале да примените и некои темелни анализи на своите лични односи. Ако во вашиот живот постојат луѓе кои сте ги оцениле како совршени или нечесни и зли, би било добро повторно да го преиспитате својот став. Иако секако е тешко да се најде било која добра карактеристика кај закоравени криминалци, големи се можностите дека поголемиот дел од вашите познаници ќе бидат некаде помеѓу совршено добри и совршени зли на скалата на опсегот на сè-или-ништо. Усвојувањето на реалистичен став кој ги препознава како силните, така и слабите страни на луѓето присутни во вашиот живот, може доста да ги зајакне занишаните односи и особено е корисно кај брачните другари.

Иако вам почетните напори кон помалку поларизирани насоки на проценување може да ви изгледаат како прилично тешка задача, тие прилично ќе се исплатат бидејќи тоа ќе доведе до намален број на судири, подобри односи, постабилни емоции и повисок емоционален кодефициент.

Извадок од книгата: The lost art of thinking, Neil Nedlay