Текстови

Пред нас се посветли денови

Дали вашите мисли се потполно окупирани со непријатните искуства кои ја оневозможуваат вашата далековидност? Понекогаш не можеме да видиме преку сегашната тага, преку неодамнешен успех и тешкото разочарување.

Меѓутоа, вреди да се размисли за тоа како по една седмица или по еден месец се ни изгледа сосем поинаку. Подоцна можеме да откриеме дека и во најтешкото искуство низ кое сме поминале постоел скриен благослов!

Еве една мисла над која треба длабоко да се замислиме: „За сите што ќе и дозволат на Божјата рака да ги води, мигот на најголемото обесхрабрување е време во кое божествената помош е најблизу. Тие на најмрачниот дел од патот ќе гледаат со благодарност. Знае Господ да ги избавува побожните.(2Петрово 2,9) Од секое искушение, од секоја проба, Тој ќе ги изведе со засилена вера и со побогато искуство.“

Поранешниот претседател на САД, Џералд Форд, во еден говор изразил слична мисла. Откако напоменал дека врз неговите плеќи одненадеж е ставен товарот на претседателската служба што го натерало да бара помош од повисоката Сила, тој продолжил: „Си спомнувам добро кога во септември 1974г, само неколку недели откако ја презедов службата, Бети заболи од рак. Токму во тоа време многу подлабоко го сфативме нашиот личен однос со Исуса Христа. Во времето кога човечката слабост и човечкото ништожество беа вистински дел на нашиот живот, можевме за првпат јасно да го видиме она што го мислел апостол Павле кога пишувал дека Христовата сила во нашата слабост станува совршена. Кога поминавме низ тоа искуство, утврдивме дека сме станале поспособни да им пружиме утеха и надеж на другите за време на нивната болка.“

Ништо не е толку лошо за да не може да биде полошо и наше предимство е што секогаш можеме да се надеваме дека мракот ќе исчезне и дека неговото место ќе го освои посветол ден. Поуката од приказната за полжавот што ќе ја примиме со насмевка треба и нас да не охрабри.

Еден почетен студен пролетен ден, еден полжав почнал да се искачува по црешово дрво. Некои врапци од блискиот даб не можеле да се воздржат да не му се потсмевнат. Најпосле еден од нив долетал на црешовото дрво и рекол: „Слушај! Зар не знаеш дека уште нема цреши на дрвото?“

Малечкиот полжав не сакал дури ни да застане. Продолжил да ползи по дрвото, одговарајќи налутено со половина уста : „Да, знам. Но ќе ги има додека јас стигнам таму!“