Прв чекор кон врвот

Зад секој врв обично стои друг многу повисок. Но секој не сака да се качува. Мнозина пронаоѓаат некоја цврста карпа и се сместуваат тука. Во секое претпријатие што напредува, патот секогаш води напред и угоре. Првиот знак на запирање се појавува тогаш кога некој ќе се задоволи со постоечката состојба и не се обидува ништо да промени или да стори нешто друго.

Нема ништо лошо во негувањето на здраво почитување на нечии способности. Меѓутоа, дури и ако некој има способности да заземе повисока положба, но ако не го користи целокупниот талент и сила за извршување на поставените задачи, таквиот може да ги уништи сите свои шанси да добие признание и награда.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”232″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”250″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”400″}}]]

„Меѓу големата задача што не можеме да ја извршиме и онаа малечка што не сакаме да ја извршиме, се крие опасност ништо да не сториме.“

Повеќето луѓе мислат дека постои огромна разлика во способностите и талентите меѓу некого што се занимава со обични работи и оној што постигнал врв. Во секој случај тоа не е секогаш вистина. Да се стори само малку подобро од просекот на животот е доволно некој да се истакне. Луѓето не постигнуваат успех само со тоа што се двојно поинтелегентни или двојно поспособни од другите. Ако човекот успее да додаде само малку повеќе кон она што го има, тоа може да го доведе на прво место. Во едно интервју со директорот на една голема градежна фирма, новинарот прашал: „Сум слушнал дека сте почнале како ѕидар. Како сте тргнале кон врвот?“

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”233″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”250″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”400″}}]]

Директорот концизно одговорил: „Сакав да бидам добар ѕидар.“ Овој одговор ја содржи основната вистина. Мораме да почнеме таму каде што се наоѓаме и да се обидеме најдобро да ги искористиме сите постојни околности. Веројатно сте слушнале за индиската легенда за малечкиот жолт цвет што расцутил во една градина.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”234″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”250″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”400″}}]]

Тој цвети само една сезона и после овенува. Кога еден посетител влегол во оваа градина, од сите страни слушал само жалби. Мангото рекло дека побргу би сакало да биде кокосова палма. Зошто? Затоа што сето дрво на палмата е корисно, плодот, лисјата, гранките и стеблото. Меѓутоа, кокосовата палма му завидувала на мангото затоа што неговиот плод се извезува за Индија за скапи пари. Сите билки биле љубоморни една на друга, секоја од нив мислела дека другата билка дала поголем придонес и добила повеќе. Окото на посетителот што слушал само жалби се запрело на еден малечок жолт цвет кој радосно цутел во своето ќоше. Се наведнал и го прашал: „Зошто и ти не се жалиш како другите?“

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”235″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”250″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”400″}}]]

Цветот одговорил: „Ја посматрав кокосовата палма и им завидував на лисјата што трепереа на ветерот. Посакав да донесувам прекрасни, сочни плодови како мангото, но, тогаш си помислив дека, ако Бог сакал да бидам како кокосовата палма или мангото, Тој би можел тоа и да го стори. Сакал да бидам малечок жолт цвет, па затоа сакам да бидам најдобар малечок жолт цвет што кога и да е постоел.“