Се е во тоа како гледаме на нештата

Ова е приказна за двајца мажи кои делеле соба во болница. Секој ден, човекот кој беше поблиску до прозорецот му раскажуваше на неговиот пријател што гледа надвор. Му опишувал во детали: “Денес, гледам убаво изгрејсонце.. . децата си играат надвор …дрвјата се расцветани…“

Другиот човек не можеше да стане од креветот, па не можеше да исчека да слушне што се случува надвор.

Тоа беше светлата страна во неговиот ден. Еднаш, човекот му раскажа како гледа парада која поминува, оркестар и деца кои слават и се забавуваат.

Ова траеше неколку недели се додека еден ден човекот кој беше блиску до прозорецот не умре.

Неговиот пријател ја праша сестрата дали може да го премести на креветот покрај прозорецот за да може да ужива во сите убави сцени за кои слушаше од неговиот пријател. Сестрата го премести, но кога погледна низ прозорецот , на негово изненадување, виде само ѕид од цигли.

На неколку метра подалеку беше другото крило на болницата.

Ја викна сестрата и и рече: “Што се случува? Мојот пријател ми опишуваше прекрасни сцени веќе неколку недели, а јас не можам да видам ништо.“ Сестрата се насмеа и рече: “Господине, зар не сфативте дека вашиот пријател беше слеп?“ Тој го гледаше сето тоа одвнатре.

На ист начин, без оглед на тоа што ни се случува во животот, ако имаме правилен став одвнатре, можеме да го пронајдеме доброто.

Можеме да ја видеме сончевата светлина дури и кога е облачно. Можеме да бидеме исполнети со радост дури и кога нештата не се во ред.

Животот е кревок, а денешниот ден ни е дар. Искористете го максимално.

Не ги земајте луѓето во вашиот живот здраво за готово. Не се фокусирајте само на тоа што е погрешно во вашиот живот, наместо тоа, пронајдете причина да бидете благодарни бидејќи семето на обесхрабрување не може да пушти корен во благодарно срце.

Ако станете секое утро и му се заблагодарите на Бог за секој ден и ако продолжите во денот со благодарен став, сигурно ќе бидете посреќни, ќе се извишите повисоко и ќе живеете живот на победа што Бог ви го чува во ризницата.