“И така, бидејќи оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ Исус Христос” (Римјани 5:1).
Разбирам дека често пати понудените формули и начини да се дојде до одговорот и решението на проблемите кои не мачат останува без успех. Но, понекогаш е доволна нивната помош само во препознавањето и дефинирањето на проблемот.
Имајќи го ова на ум, би сакала да ви ги понудам следните седум чекори до живот исполнет со мир.
1) Запознајте се себе си,
Како христијани треба да знаете дека сте создадени за да бидете праведни и дека преку Христовата крв сте исчистени од предходниот грешен начин на живот. Се додека не сфатите кои сте, ќе бидете лесна мета на сатаната. Тој ќе се обиде да ве збуни и да ве натера да мислите дека сте слаби и недостојни.
Но Исус рекол: “Вие сте светлината во светот. “
2) Познајте ја разликата помеѓу доброто и злото.
Апостол Павле во Второто послание до Коринтјаните 2:11 вели дека намерите на сатаната не ни се непознати. Во спротивно тој (сатаната) ќе се обиде да не злоупотреби. (Јован 10:10)
3) Познајте ја својата цел
Бидете во согласност со вашата личност и вашата визија. Немојте да го игнорирате Божјиот повик за вашиот живот. Единствениот начин да загубите се е да се откажете од својот повик.
4) Не правите копромис со својот живот
Компромисот на христијанинот е како бакнежот на смртта. Или му служите на Бога или на светот. Се додека сте целосно посветени на Бога и Му служите во полнота, светот ќе седи крај вашите нозе слушајќи го внимателно вашето сведоштво. Но, првиот момент, кога ќе се обидете да направите компромис, тие ќе скокнат на своите нозе и ќе ве осудат.
5) Сегаш имајте вера
Имањето на вера во Бога ќе ве исполни со храброст. Основата на личниот успех е верата во Бога.
6) Простете и љубете
Верата не успева без љубовта, а љубовта не успева без простувањето. А простувањето не значи компромис, туку промена.
7) Научете и сфатете што Исус направил за вас, и одморете се во Неговото дело
Во Јован 16:33 Исус рекол: “Ова ви го реков за да имате мир во мене. Имате неволји во светот, но бидете храбри, Јас го победив светот.”
Бидејќи Исус го победил светот, значи дека ние можеме да го уживаме мирот во Неговата победа.
Dr. Larry Ollison