Семе

Успешен христијански бизнисмен полека стареел и знаел дека е време да избере наследник кој ќе го преземе бизнисот. Наместо да избере едно од своите децa, одлучил да направи нешто поинакво. Ги повикал заедно сите млади приправници од неговата компанија и рекол: ”Време е јас да се повлечам и да го одберам следниот главен директор на компанијава и одлучив да одберам еден од вас”. Младите приправници биле шокирани, но главниот шеф продолжил: ”Секому од вас ќе му дадам СЕМЕ – едно многу специјално СЕМЕ кое сакам да го посеете и полевате, па вратете се оваму за една година со тоа што од семето ви пораснало! Тогаш ќе ги оценам билките кои ќе ги донесете и оној чија билка ќе ја одберам ќе биде идниот директор на компанијата!”

Таму бил и еден човек по име Џим кој како и останатите добил семе. Отишол восхитено дома и и ја раскажал приказната на својата сопруга. Таа му помогнала околу саксијата, земјата и нејзиниот состав. Секојдневно го полевал и го очекувал растењето на билката.

После отприлика три седмици, некои од останатите приправници почнале да зборуваат околу нивните семки и билки кои веќе почнале да растат. Џим постојано го проверувал своето семе, но ништо не растело. Поминале веќе три седмици, четири, пет и сеуште ништо. Сега веќе сите зборувале околу тоа колку и како растат нивните билки, но, Џим немал билка и се чувствувал како губитник.

Поминале веќе шест месеци и сеуште ништо во саксијата на Џим.Тој знаел дека го убил своето семе. Сите останати веќе имале дрвца и високи билки, но, тој немал ништо. Сепак Џим не им рекол ништо на своите колеги. Тој продолжил да го полева и фертилизира земјиштето затоа што многу сакал семето да из’рти.

И конечно годината поминала и сите млади приправници на компанијата ги донеле своите билки за шефот на компанијата да ги прегледа во инспекција. Џим и кажал на својата сопруга дека не сака да носи празна саксија, но таа го посоветувала да биде искрен со тоа што му се случило. Џим почувствувал мачнина во стомакот при помислата дека тоа ќе биде најсрамниот момент во неговиот живот, но исто така и знаел дека неговата сопруга е во право. Ја земал својата празна саксија и отишол во просторијата за одбор.

Кога Џим стигнал бил изненаден гледајки ги разноразните билки и дрвца кои ги одгледале неговите колеги приправници. Биле прекрасни, во сите бои, облици и големини. Џим ја ставил својата празна саксија на подот додека многумина од неговите колеги му се смееле а некои дури и му ја полевале саксијата.

Кога главниот шеф на компанијата, влегол, погледнал низ просторијатса и ги поздравил младите приправници. Џим пробал да се сокрие на крајот од просторијата. ”Ооо, колку ли прекрасни цвекиња, билки и дрвца сте одгледале ”- рекол. “Денеска еден од вас ќе биде поставен како следен генерален директор на компанијата!”. Oдеднаш, главниот шеф го здогледал Џим на крајот од собата, заедно со неговата празна саксија. Џим страшно се исплашил. Помислил “Главниот шеф сега знае дека сум неуспешен! Можеби сега ќе ме отпушти од работа!”.

Кога Џим дошол напред, главниот шеф го прашал што се случило со неговото семе и Џим тогаш му ја раскажал целата приказна. Тогаш главниот шеф побарал сите да седнат а само Џим да стои. Гледајки во Џим им го изјавил следново на младите приправници ”Пред вас е идниот главен директор на компанијата! Неговото име е Џим!”

Џим не можел да поверува што слуша. Тој не можел да одгледа ниту едно семе а како ли пак да биде главен директор на една компанија – си мислеле сите.

Тогаш главниот шеф на компанијата рекол: ”Пред година дена, ви дадов секому од вас во оваа просторија семе. Ви реков да го земете, посеете, полевате и денеска да го донесете назад. Но, на сите вас ви дадов варено семе, кое е мртво и не е можно да расте и да се развива. И сите освен Џим, сте ми донеле дрвца, цвекиња, билки, бидејки кога сте сфатиле дека семето не расте, сте го замениле со друго семе….. Џим е единствениот кој имал храброст и искреност да ми донесе саксија со моето семе внатре во земјата. Заради тоа (искреноста), тој е оној кој ќе биде вашиот нов главен директор на компанијата!”

-АКО СЕЕШ ЧЕСНОСТ, ЌЕ ЖНЕЕШ ДОВЕРБА;

-АКО СЕЕШ ДОБРОТА, ЌЕ ЖНЕЕШ ПРИЈАТЕЛСТВА;

-АКО СЕЕШ ПОНИЗНОСТ (СКРОМНОСТ), ЌЕ ЖНЕЕШ ГОЛЕМИНА;

-АКО СЕЕШ ИСТРАЈНОСТ, ЌЕ ЖНЕЕШ ЗАДОВОЛСТВО;

-АКО СЕЕШ ОБЗИРНОСТ, ЌЕ ЖНЕЕШ ПЕРСПЕКТИВА;

-АКО СЕЕШ ТРУДОЉУБИВА РАБОТА ЌЕ ЖНЕЕШ УСПЕХ;

-АКО СЕЕШ ОПРОСТУВАЊЕ, ЌЕ ЖНЕЕШ ПОМИРУВАЊЕ;

-АKО СЕЕШ ВЕРА ВО ХРИСТА, ЌЕ ЖНЕЕШ ЖЕТВА.

Затоа пази што сееш, бидејки од тоа зависи што ќе жнееш подоцна.

Пред две илјади години, Павле им ја напишал на Галатјаните истата оваа приказна само со помалку зборови: ”Онаа што ќе го посееш тоа и ќе го пожнееш” (Галатјаните 6:7)