Волја. Што е тоа? Во што лежи нејзината сила?
Како да ја засилиме?
Др. Вилијам Садлер вели: ,,Волјата е збир на сите позитивни ментални активности, збир на психичките избори и одлуки”.
Др. Вилдер Пенфилд, познат светски невро хирург изјавил:
,,Волјата е духот на човекот”.
− Оној кој што се бори треба да ја разбере вистинската сила на волјата. Борбата против сопствените недостатоци и мани, против надворешните притисоци и влијанија е тешка. Желбата за добрина и чистота е исправна. Но сите кои само се надеваат и очекуваат дека ќе ги победат своите склоности ќе изгубат.
Џон Смит напишал:,, Волјата е врховна сила која управува со човечката природа и на која и се покоруваат сите други способности”.
− Бог ни подарил моќ на избор. Ние не можеме да го промениме нашето срце,ниту да ги контролираме нашите мисли и нагони. Но може да одлучиме да го правиме она што е исправно и тогаш Тој ќе делува преку нас да можеме да го направиме тоа.
Со правилната употреба на волјата, во нашиот живот може да настане целокупна промена. Нека вашата волја биде будна и правилно насочена, и тогаш ќе пренесува енергија низ целото битие и ќе биде помошник во чување на здравјето. Умот и нервите ја зајакнуваат силата со вежбање на волјата.
− Човечкиот мозок е поле на духовна борба, и многумина кои не успеале да својата волја ја предадат на Божјиот Дух, потпаднале под власт на Сатаната. Кога Сатаната ќе преземе водство над нечија волја, одлуките која таа личност ги носи водат кон пропаст. Мозокот ќе боледува од пореметувања кои ја упропастуваат личноста.
Вежбање на волјата:
вежбајте се во одлучување – откако сте ги утврдиле работите држете се до своите одлуки. Често е подобро да направите грешка отколку да останете во неодлучното.
− Запишување на одлуките кои сте ги донеле помага при нивното исполнување.
− Ако направиш ненамерна грешка продолжи да се бориш.
− Волјата се засилува со вежбање на самоконтрола и самооткажување. Отфрли ја попустливоста кон самиот себе.
− Практикувај здрав начина на живот со добра храна, вежбање и одмор.
Ако ти е нешто тешко да спроведеш во пракса почни со полесни кон потешки предизвици. Не заборавај да поразговараш со Бог за ова и барај да те утврди со Неговата сила.