Со сета своја моќ!

“Што и да имаш намера да правиш, прави го со целата своја сила….“ (Проповедник 9,10)

Дали си плодоносен и продуктивен токму онаму каде што си денес? Дали правиш се што е во твојата можност? Многупати си мислиме,“Кога ќе најдам подобра работа ,тогаш ќе почнам да работам напорно.“,“Штом ќе оздравам, тогаш ќе се расположам и ќе заземам добар став.“ или “ Кога ќе се смени мојот партнер, ќе работам напорно на мојата врска.“

Но,навистина, Бог сака да направиме се што е во наша моќ без разлика какви се околностите. Тој сака да бидеме продуктивни денеска! Тој сака да имаме добар став и да ја направиме вистинската работа дури и кога погрешни работи ни се случуваат.

Значи, ние треба да бидеме верни во пустината ако сакаме да успееме до нашата Ветена Земја.

Запомнете, Бог води евиденција. Ако ја правите вистинската работа со сета своја сила , без разлика на околностите , тогаш сеете семе Бог да ве постави повисоко. Му ја отворате вратата да ве благослови во секоја област во вашиот живот.