Еден инженер кој сакал да каже дека секоја работа којашто ја прифаќаме треба да ја работиме добро, посетил една душевна болница. Одејќи низ дворот на болницата, дошол до еден болен кој со пила сечел парче дрво. Го посматрал неколку минути и заклучил дека болниот воопшто не напредува. Кога пристапил поблизу, открил дека човекот користи пила со запците свртени нагоре.
“Зошто пилата ја држите така?“ – прашал инжинерот. “Тоа е просто“, се насмевнал болниот. “Се обидов и поинаку, но вака, свртена со запците нагоре, пилата оди многу полесно.“
Реката на својот пат кон океанот секогаш бира пат на кој постои најмал отпор. Поради тоа прави безбројни кривини и со тоа вистинската оддалеченост ја прави многу поголема.
Слично поминуваат сите оние што се обидуваат да пронајдат најлесен пат низ животните должности, затоа што на крај сепак пронаоѓаат подолг и потежок пат. Меѓутоа, со сесрден напор може да се пронајде пат дури и низ најголемите тешкотии.
Ваков дух на решителност покажала во својот живот Лис Хартел. Таа добила едно од најсаканите признанија – сребрена медал на олимписките игри. Седум години пред тоа заболела од детска парализа. Во борбата против таа болест издржала многу терапии и долго престојувала во болница. Бидеќи не можела да оди, мажот ја пренесувал од место на место. Но наспроти сите страдања и беспомошност, никогаш не ја изгубила храброста. Ревно соработувала со своите лекари, а со секој чекор што го правела чуствувала дека силата и се враќа. Решила да поставува се повисоки цели.
Набргу својата инвалидска количка ја заменила со патерици, а патериците со бастун. Нејзиното поранешно интересирање за коњи се вратило и наспроти противењето на своето семејство, повторно се нашла во седлото. Од почетокот морале да ја носат и да ја ставаат на коњот, но кога се нашла на седлото, станала сигурна и цврста. Упорно вежбала, решителна тоа да го стори многу подобро отколку што го правела порано, пред својата болест. Пред да се разболи, два пати победила на коњаничкиот шампионат на Данска.
На олимписките игри учествувала како единствена жена во таа категорија и освоила сребрена медалја во борбата со најдобрите јавачи на светот. “Тоа е големо охрабрување за сите хендикепирани“, рекол нејзиниот лекар. “Неа ја засили не само јавањето, туку и нејзината решителност да ја совлада својата болест. Ги искористи сите средства и поволни прилики со желба да ја постигне својата цел. Стана инспирација за сите, зашто ја докажа вистинитоста на својата лична девиза: “ Можете да постигнете се, ако верувате во тоа.““
Еднаш еден човек кажал: “ Труди се и заложи се за она што го сакаш, па најверојатно и тоа ќе го оствариш.“ Иако ова можеби звучи пренагласено, постои и едно зрнце вистина. Ако нешто топло сакате, ќе сторите се истото да го остварите. Човек што не отстапува, туку се занимава со својата задача малку повеќе отколку што тоа го прават мнозина – има сјајна иднина.