Текстови

Совршен мир

Си бил еднаш еден крал кој понудил награда за уметност за да се наслика најдобрата слика за мир. Многу уметници пробале. Кралот погледнал во сите слики, но имало само две кои навистина му се допаѓаат и мораше да избере помеѓу нив двете. На едната слика беше насликано мирно езеро. Езерото беше совршено огледало за мирните високи планини кои беа насекаде околу него. Над него имаше сино небо со меки бели облаци. Сите кои ја видоа оваа слика мислеа дека тоа е совршена слика за мирот.

Другата слика имаше планини исто така. Но, овие беа соголени. Над нив имаше луто небо од кое паѓаше дожд, при што се појавуваа грмотевици. Надоле, од страната на планините, паѓаше пенест водопад. Ова никако не изгледаше мирно. Но,кога погледна кралот, тој погледна зад водопадот мала грмушка, растејќи во пукнатината на карпата. Во грмушката, една птица, мајка си изградила гнездо. Таму, во средината на брзата и лута вода, седеше мајката птица на нејзиното гнездо….. совршен мир.

Што мислите која слика ја доби наградата? Кралот ја одбра втората слика. Знаете зошто? „Бидејќи“, објасни кралот, „мир не значи да се биде на место каде што нема галама, проблеми или тешка работа. Мир значи да се биде сред сите овие работи и сепак да бидеш смирен во срцето. Тоа е вистинското значење за мир.“

„Ви ги кажав овие работи, за да имате во мене мир. Во овој свет ќе имате проблеми, но не се грижете. Јас го победив светот!“ (Јован 16,33)