Текстови

Среќа

Што е среќа? Да чувствуваш или да бидеш среќен.

Во принцип гревот никогаш не може да ти го даде она што ти го нуди – да ја задоволи жедта на човековата душа. Во гревот човекот може да чувствува среќа но не и да биде среќен. Не е исто да чувствуваш среќа и да бидеш среќен. Чувството на среќа колку и да биде силно и возвишено никогаш не може да ја задоволи туку само да ја загуши жедта на човековата душа. Таа може само да ја потисне свеста за внатрешното незадоволство, но не и да го отстрани.

Ние секогаш сакаме да ја задоволиме желбата на своето срце со пријатни доживувања. Обидот на човекот да ја задоволи желбата на своето срце со пријатните доживувања е исто толку бесмислено колку обидот на жедниот човек да ја задоволи својата жед така што би се поливал со кофа со ладна вода. Чувството на влажен и мокар ниту има функција да ја задоволи човековата жед, ниту тоа може да го постигне.

Како што дарот зборува за дародавецот, така и чувството на влажен и мокар само кажува дека станува збор за вода. Но водата треба да ја пиеш, а не само да ја чувствуваш дека е мокра. Чувствата на среќа можат да зборуваат за Бога но не и да Го заменат. Со ова не сакам никој да убедувам дека неговите чувства на среќа не би можеле да бидат длабоки и возвишени. Да претпоставиме дека човекот преку телесните уживања или преку религиозниот систем остварил блажено чувство на среќа. Но и покрај тоа што го има тоа блажено чувство тој и понатаму во својата суштина е несреќен. Тоа ги поокажува неговите побуди. Тој и понатаму е себичен. Тој и понатаму ја бара среќата. Да е среќен среќата не би ја барал туку би ја давал. Би ја изразувал во својот живот. Тоа што во неговиот живот го работи би го работел затоа што е среќен а не за да биде среќен. Наместо со себичност би бил покренат со права несебична љубов. Растеретен од внатрешните незадоволства тој веќе не би бил оптеретен со прашањето како се чувствува. Туку би бил слободен да одговори на животните потреби на другите луѓе.

Човекот кој во својата суштина е незадоволен не само што го бара она што го нема – а тоа е среќата, туку го дава тоа што го има-а тоа е несреќата.

Таблетите против болка не го отстрануваат причинителот на болеста туку само симптомот. Тие некогаш имаат мобни последици затоа што го задржуваат човекот во состојба на самозадоволство и привидна сигурност. Пациентот може да биде премногу задоволен од услугата на својот лекар. Тој може искрено да изјави дека веќе не чувствува болки, а воопшто да не биде свесен за својот внатрешен процес на распаѓање. Исто така човек може да биде задоволен со својата духовна состојба, а да е во потполност несвесен за својата духовна изгубеност. Критериуми за телесната и за духовната благосостојба не се чувствата. Потребно е да уклучиш разумни критериуми.

На духовен план Законот е оној со кој ја проверуваме состојбата во која се наоѓаме. Без Законот човекот не е свесен за своите духовни потреби, Туку само за своите оптеретувања и чувства. На човекот тогаш му пречат само последиците од направениот грев а не гревот сам по себе.Тој човек е жеден за опојно вино наместо за водата на животот.