ШТО УШТЕ ДА ДАДАМ

Еден човек со својата жена посетил еден дом за сираци, надевајќи се дека ќе пронајде дете кое ќе сака да го посвојат. Им се допаднало едно детенце и во разговорот со него воодушевено му зборувалеза се што имале да му дадат. На нивно разочарување, детето рекло: Ако немате ништо друго да ми дадете освен куќа, облека, играчки и други работи кои сите деца ги имаат, јас подобро ќе останам овде. Но што уште би можеле да дадеме? зачудено запрашала жената. Јас само барам некој кој ќе ме сака. Одговорило малото детенце. Дури и малите деца знаат дека човекот не може да живее само од лебот!