ТАЖНО Е, ЗАР НЕ?

ТАЖНО Е како 10 денари изгледаат многу кога ќе се понесат на црква, но толку малку кога се ќе се понесат во продавница.

ТАЖНО Е колку долго изгледа кога му служиме на Бог еден час, но колку брзо поминуваат 60 минути во еден фудбалски натпревар.

ТАЖНО Е колку долго изгледаат неколку часови поминати на црква, но колку се кратки кога се гледа некој филм.

ТАЖНО Е како не ни текнува да кажеме нешто кога се молиме, но немаме потешкотија да ни текнат работи да им ги кажеме на пријателот.

ТАЖНО Е колку се возбудуваме кога фудбалскиот натпревар ќе добие продолжетоци, но се жалиме кога службата е подолга од предвиденото време.

ТАЖНО Е колку е тешко да прочитаме една глава од Библијата, но колку е лесно да се прочитаат 100 страни од најпродаваниот роман.

ТАЖНО Е колку луѓето сакаат да добијат предни седишта од некој натпревар или концерт, но се трудат да ги добијат задните седишта на богослуженијата.

ТАЖНО Е како ни се потребни 2 или 3 недели да бидеме претходно известени за да го вметнеме црковниот настан во нашиот распоред, но можеме да го промениме распоредот за други настани во последната минута.

ТАЖНО Е колку многу им е тешко на некои луѓе да научат едноставен стих доволно добро за да им го кажат на другите, но колку е едноставно за истите луѓе да ги разберат и повторат озборувањата за некој.

ТАЖНО Е што веруваме што кажуваат весниците, но се сомневаме во тоа што кажува Библијата.

Чудно е како некои сакаат да одат на небото, под услов да не мораат да веруваат, мислат, да речат, или да направат нешто !