УМЕРЕНОСТ ВО РАБОТАТА

Па ако Бог му дал на човекот богатство и имот за да ги ужива и за да биде задоволен со своето дело – и тоа е дар од Бога (Проповедник 5,18). Времето поминато и употребено за зачувување и јакнење на физичкото и умственото здравје, е најдоброто искористено време. Здравјето лесно се губи, но да го обновиш и да го повратиш не е ни малку лесна задача… Не смееме да дозволиме запоставувањето и злоупотребата на било кој дел од нашата животна машина да ни закржлави или ослаби било која функција на нашиот ум и тело.

Оние кои вложуваат преголеми напори во одредено време да да сработат што повеќе, продолжувајќи да работат и тогаш кога разумот им кажува дека треба да се одморат, со тоа ништо не постигнуваат. Тие живеат од позајмен капитал. Тие ги трошат своите животни сили кои покасно ќе им недостигаат. А кога силата која така безобзирно ја трошеле ќе им биде најпотребна, тие нема да ја имаат… Времето на потребите неизбежно ќе дојде, но изворите на нивната сила потполно ќе бидат исцрпени. Секој кој го занемарува законот на здравјето мора заради тоа кога – тогаш да страда во поголема или помала мера. Многу од тешките напори преку кои луѓето се исцрпуваа и предвремено стареат не се од Бога одредени терети на кои должноста тоа му го налага, туку нешто со што самите се изложуваат работејќи го токму тоа што божјата реч кажува да не се работи.

Не е наша должност самите да се изложуваме на прекумерна работа. Поединци можат да се најдат во ситуација каде тоа ќе биде неопходно, но тоа треба да биде отстапување а не правило… Ако ние го славиме Бога правејќи од своја страна тоа што ни е должност, Тој ќе го направи она што ние не можеме, чувајќи го нашето здравје… Држејќи се до умереноста во јадењето, пиењето, во облекувањето во работата и во се, ние за себе и за нашето здравјеможеме да го направиме она што ниеден лекар не е во состојба да го направи за нас.

Христовите слуги не смеат да се преоптеретуваат обидувајќи се работите предвидени за два дена да ги завршуваат за еден ден.