Текстови

ВИСТИНСКА СРЕЌА ОД МАЛИТЕ НЕШТА

Среќата не е нешто што доаѓа со текот на годините, таа се крие во секој момент што го живееме. Ќе бидеме во состојба од животот да го добиеме она најдоброто само ако сме сособни тоа исто да го извлечеме и од обичните нешта.

Колку ќе бидеме среќни или несреќни не зависи само од надворешните околности, туку и од нашиот однос кон животот. Ако среќата ја сметаме како рационална категорија, како нешто што зависи од нашите избори или одлуки, а не нешто што е надвор од нас, тогаш ќе можеме да ја постигнеме во повеќето животни ситуации. Кои психолошки сили човекот треба да ги јакне и да ги негува, а кои деструктивни механизми треба да ги избегнува за да постигне вистинска среќа?

СВРТЕТЕ ЈА ДОБРАТА СТРАНА НА МЕДАЛОТ

Позитивното размислување е од пресудна важност за среќен и за живот исполнет со задоволство. Секогаш треба да се најде перспектива од која се гледа позитивната смисла на секое искуство. А тоа е вештина што се учи.

– Веднаш почнете да ја барате добрата страна во себе и во другите, но во секојдневните настани.

– Во стресни ситуации поставете си ги следните три прашања: Зошто е важна таа ситуација; Кој е најголемиот проблем; Што можете вие да направите за да ги свртите работите во своја корист?

УЖИВАЈТЕ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ

Постигнувањето среќа е навистина животен проект, а вистинскиот личен баланс и хармонијата бараат посветена и долготрајна работа на себе. Живејте во сегашноста, така ќе стекнете колекција од убави спомени. Фокусирајте се на овде и сега и така ќе се ослободите од анксиозноста, од стресот и од тагата.

НАУЧЕТЕ ДА СЕ САКАТЕ

Човек кој не е задоволен со себе по правило не е задоволен и од својот живот. Затоа, за да бидете среќни, мора да научете да се сакате и да се цените себеси. за да ги надминете комплексите и да ја промените лошата слика за себе, направете го следното:

– Сами или со помош на експерт пронајдете ја причината за негативното доживување на себеси;

– Утврдете дали има реална основа да се чуствувате лошо. Ако има, почнете да го менувате она што ви пречи;

– Дефинирајте какви сакате да бидете и однесувајте се во согласност со тоа;

– Направете список со вашите доблести и се она што го почитувате кај себе.

НАПРАВЕТЕ СПИСОК СО ЦЕЛИ

Целите им ја даваат смислата и содржината на нашиот живот, поради нив вреди да се стане од креветот. Ако ги имаме, нашето внимание се насочува кон нешто што носи задоволство, а не спасување од страдање. Тешките периоди лесно се поднесуваат, а добрите стануваат уште попријатни.

Направете список со целите кои си ги поставивте и погледнувајте го трипати дневно: штом станете, еднаш во текот на денот и еднаш пред спиење.

СМЕЈТЕ СЕ, ЗДРАВО Е

Нема ништо поблаготворно од смеењето! Смислата за хумор го намалува нивото на стрес, ги јакне концентрацијата и силата на интелектот, дава здрава дистанца на сите нешта. А секоја ситуација има смешна страна, треба само да се побара. Наместо во секоја стресна ситуација да се занимавате со лошите аспекти на она што се случува, запрашајте се дали има нешто смешно во сето тоа. Секогаш сетете се на контрадикторната, но вистинска изрека: Не загрижувај се за ситници, но запамети дека животот се состои од нив.

ПРОСТУВАЊЕТО Е ЗАЛОГ ЗА МИР

Човекот кој чува омраза во срцето никогаш не може да биде среќен и слободен. Затоа, способноста за простување е клуч за вистинска среќа. Запомнете дека од вашата омраза не страда никој друг, туку вие самите.

Неуспесите, загубите и повредите се составен дел од животот, па научете да си простувате себеси и на другите.

КОЈ ДАВА, ДВОЈНО МУ СЕ ВРАЌА

Не е среќа само да си угодувате на себе, туку таа се крие и во умешноста на давање и помагање на другите. Колку повеќе радост им предизвикуваме на другите, толку и самите ќе бидеме посреќни. Секој ден пронајдете начин да му го разубавите денот на некој кој ви значи.

ПРИЈАТЕЛСТВОТО ЈА РАЗМНОЖУВА СРЕЌАТА

Квалитетот на животот се мери со квалитетот на односите кои сме ги изградиле. Човекот е општествено суштество и потребни му се други луѓе. Блиските и топли односи со пријателите, роднините и , се разбира, со партнерот помагаат за надминување на сите тешкотии. Се е полесно кога имате подршка. Среќата која се дели е двојно поголема, а проблемот кој се дели е двојно помал.

Секогаш посветувајте се на пријателите како да ги гледате за последен пат.

ЗДРАВ ДУХ ВО ЗДРАВО ТЕЛО

Физичка активност ослободува од стрес и предизвикува физички реакции во организмот поради кои се чуствуваме подобро. Треба редовно да се вежба, по можност секој ден барем по половина час.

Виталноста на телото предизвикува чуство на среќа, кое во секој момент свесно може да го анимирате со помош на движење.

Исхраната значително влијае врз тоа како се чуствуваме, а на тоа често забораваме поради брзината на животот. Треба да се избегнуваат чаеви, кафе и алкохол, како и секоја храна богата со шеќер, адитиви и конзерванси. Нека доминираат овошје и зеленчук, житни зрна и јаткасти плодови.