Текстови

Вложување што ќе донесе голема добивка

Исус рекол: „Давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполнета ќе ви дадат в раце, оти со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери“ (Лука 6,38)

Некој фармер, кој во целата покраина бил познат по производство на пченка со врвен квалитет, бил награден поради тоа што широкоградо им давал од ова добро семе на своите соседи фармери. Луѓето се чуделе за неговата добродушност што не му носела добивка туку само конкуренција. Меѓутоа, тој имал добар одговор:

„Со тоа што на моите соседи им го делам најдоброто семе што го имам остварувам еден вид самозаштита. Во текот на процесот на оплодувањето ветерот и инсектите го носат поленот од едно поле на друго. Ако моите соседи имаат лоша пченка, ваквото вкрстување ќе го намали квалитетот на мојата пченка. Затоа сакам и тие на своите ниви да го употребуваат најдоброто семе што постои.“

Оваа кратка прикаска илустрира едно важно животно начело. Разумното давање не го намалува она што го имаме. На крај ќе добиеме многу повеќе од она што сме го делеле отколку што сме можеле да собереме со себично напластување на различни добра.

Прифаќањето на повозвишеното и трајно дело и ставањето во несебична служба на другите имаат големо значење и неуништива движечка сила.

„Ниеден од нас не живее за себе.“ – истакнува апостол Павле. Тоа е вистина што никогаш не смееме да ја заборавиме.