Текстови

Во туѓи опинци

Една стара изрека што ја изговораат Индијанците од племето Сијукс гласи: Велики Душе, помогни ми никого да не осудувам пред да одам две седмици во неговите опинци.

Ако успееме да ја сфатиме положбата на другиот, ќе ни биде полесно да го охрабриме ако е тоа потребно. Но проблемот се јавува тоа што јазикот секогаш сака да биде прв од разумот.

Една млада брачна двојка ја открила оваа вистина за помалку од две седмици. Мажот работел во фабрика, а таа го водела домаќинството и се грижела за децата. Младиот сопруг веќе тешко ги слушал жалбите на својата сопруга за домашните работи што немаат крај. Мрморела за време на појадокот, намрштена и несреќна го дочекувала кога се враќал од работа, а за време на вечерата нејзиното незадоволство и горчина достигнувале врв. Сметала дека осумчасовната работа во фабриката преставува детска игра во споредба со нејзината работа. Во спогодба со фабриката, сопругата ја презела работата на мажот, а тој во нејзиниот дом. Спогодбата опфатила период од две седмици, но веќе по два дена секој бил готов да се врати на својата поранешна работа. Веројатно малку се оние што ќе се обидат да одат во туѓи опинци како оваа брачна двојка за да можат да ги сфатат обврските и потребите на другите. .Малку повеќе внимание и разбирање ќе ви овозможи исклучителни резултати во зацврстувањето на добрите односи меѓу луѓето.