Уморни сте и незадоволни бидејќи животот не ви носи нови возбудувања и целосно се претворил во рутина? Понекогаш и одлучувате нешто да промените, но кон одлуката не се придржувате претерано долго. Наместо секогаш да ги повторувате истите грешки и да донесувате драматични одлуки кон кои нема да може да се придржувате, обидете се да ги следите овие совети кои би требало да бидат забавни, што ќе помогне кон нивно придржување.
*СМЕЈТЕ СЕ ПОВЕЌЕ
Секој ден погледнете се во огледало и дарувајте си задоволна и блага насмевка.
*ОДМОРАЈТЕ СЕ ДОВОЛНО
Ако не можете да се навикнете на идејата дека ништо не правите и тешко ви е да се одморате – најдете некое едноставно хоби: читајте, сликајте … Но немојте да си поставувате цели поврзани со хобито и од релаксирачките активности да си предизвикате стрес.
*ПРАВЕТЕ МАЛИ ПРОМЕНИ
Почнете со мали промени. Пронајдете го почетниот чекор и тргнете кон посакуваната насока постепено. Ништо не се случува преку ноќ.
*ПРЕСМЕТАЈТЕ ГО СЕКОЈ ЧЕКОР
Радувајте се на секоја промена. Не е важна само целта, туку и тоа во меѓувреме.
*ВРАТЕТЕ СЕ КОН ПРИРОДАТА
Поголемиот дел од денот го поминуваме опкружени со вештачки нешта и поради тоа свесно потрудете се да се вратите кон природата, барем што се однесува до исхраната и до негата на телото.
*УЖИВАЊЕТО НЕКА ВИ БИДЕ ПРИОРИТЕТ
Направете попис на нештата во кои уживате и правете ги.
*ВОДАТА Е НУЖНА
Осум чаши течност се нужни за правилно функционирање. Ако имате можност во просторијата во која престојувате, поставете мала (но природна) фонтана. Течењето вода го јонизира просторот.
*ПРОБУДЕТЕ СЕ СРЕЌНИ
Можеби не ви се чини така, но ова всушност е едноставно. Штом ќе ги отворите очите, кажете си:,,Денес ќе бидам среќен/а”.
*НЕВООБИЧАЕНИ АКТИВНОСТИ
Секоја недела одвојте барем еден час за активности кои не се вообичаени за вашиот стил на животот.
*КУПЕТЕ АЛАТ
Верувале или не поправките се забавни и немојте да им допуштате само на мажите да се забавуваат.
*СЛУШАЈТЕ
Често мислиме дека добар комуникатор е личноста која знае да го каже точно она што го мисли, но уметноста на комуникацијата се крие во слушањето и во сфаќањето.
*НИКОГАШ НЕ ЗАВРШУВАЈТЕ ГО ДЕНОТ СО ВЕСТИ
Во кревет би требало да се одморате и да собирате енергија за следниот ден, а не да размислувате за она што всушност сте го слушнале било добро или лошо. Денот секогаш завршете го со нешто што ве опушта.
*СТАНУВАЈТЕ РАНО
Разбудете се 30 минути порано и тоа време искористете го за молитва, вежбање, утринска прошетка.
*РЕДОВНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ
Редовно одете на потребните контролни прегледи, дури и ако не се чуствувате лошо.
*ГРАДЕТЕ НОВИ ПРИЈАТЕЛСТВА
Старите пријателства нужно е да ги негувате, но мора да дозволите и нови личности да ви влезат во животот.
*НАПРАВЕТЕ ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ
Генерално чистење направете најмалку два пати годишно, но редовно барем еднаш месечно во поблаг облик.