Атмосферата во домот

Домот е центар на сите активности.

Од влијанието во домот ќе зависи понатамошната иднина и развојот на младите во животот. Од воспитувањето кое го добиват во младоста,од развојот на нивниот карактер во детството – добри навики,самоконтрола, воздржување, ќе зависи нивното влијание во друштвото. Ако младите останат препуштени самите на себе, па поради тоа станат самоволни, неумерени во апетитот и страстите и нивното влијание во друштвото ќе биде од иста природа.

Домот е најубавата предслика на Небото. Тој треба да биде мало Небо на Земјата, место во кое љубовта се негува, а не гуши. Нашата среќа зависи од негувањето на таа љубов, разбирање и вистинска љубезност. Каква е атмосферата во душата на таткото и мајката таква ќе биде и атмосферата во домот. Родителите ја изградуваат атмосферата во семејството, па ако дојде до недоразбирање помеѓу таткото и мајката и самите деца ќе го примат истиот дух. Затоа треба да се настојува со нежно внимание да се врати убавата атмосфера во домот.

Домот треба да биде полн со радост и среќа. Домот може да биде едноставен, но сепак може да биде место во кое се слушаат радосни зборови и да се прават дела на љубов, каде учтивоста и љубовта ќе бидат постојани гости. Спроведете правила на домот со мудрост и љубов, а не со железна палка. Децата со доброволна послушност ќе одговорат на законот на љубовта. Пофалете ги своите деца секогаш кога ќе можете. Настојувајте да им го направите животот што посреќен. Не дозволувајте во домот да дојде до кавга. На домот му е потребен нежност и мир. Од сите врски на Земјата, семејната врска е е најтесна, најнежна и најсвета и затоа треба да се негува.

Домот треба да биде најпривлечно место на светот. Должност на секој родител е да го направи домот најпривлечно место за децата. Тоа е многу поважно од стекнување имот и пари. На домот не смее да му недостига топлина. Децата на домот треба да гледаат како место на мир и среќа. Децата имаат чувствителна природа која се заснова на љубов. Нив може лесно да ги задоволите и лесно да ги ожалостите. Затоа самото присуство на мајката го прави домот најпривлечно место на светот, во кој таа со своите зборови и постапки на љубов може да ги врзе за своето срце.

Домот треба да биде чист, пријатен и уреден. За правилно управување во домот потребна е чистота, пријатност и уредност. Но ако мајката ова го смета за најважна должност и го занемари развојот на децата, прави ужасна грешка. Но и немарноста кон чистота може да предизвика болест. Болеста не иде без причина. Затоа домот треба да биде чист, но исто така привлечен и уреден, да се чуваме од непотребно украсување но и да не бидеме рамнодушни спрема надворешниот изглед.

Бог го создал првиот дом. Сам Бог ја создал рајската градина (Едем) како дом за нашите прародители. Кога го опремил со се што човек може да посака рекол: “Да направиме човек по свој облик, како што сме Ние… “Набргу Бог ги создал Адам и Ева, Ја направил Ева од реброто на Адам, била дел од него, коска од неговите коски, тело од неговото тело“ она била неговото друго “јас“. Со тоа се остварува тесна заедница и емоционална припадност која треба да постои во овој однос. “Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја, и обата ќе бидат едно тело.“

Бог сака се што е убаво, па затоа на Адам и Ева им засадил разновидни дрвја, прекрасно цвеќе кое со својата убавина и мирис го исполнувал воздухот… Но Бог одредил човекот да најде среќа во негување на Неговите созданија, задоволувајќи ги своите потреби со плодовите од дрвјата во градината. Бог знаел дека без работа Адам дека не би можел да биде среќен. Градината била прекрасна, но тоа не било доволно, нему му била потреба работа, зошто само така сите органи на своето тело може да се стават во движење. Да се состоела среќата во неработење, ќе бил оставен без работа, меѓутоа Оној кој го создал човекот знаел што е потребно за неговата среќа. Затоа треба да биде во секој дом Бог на прво место и тогаш ќе наликува на рајската градина, полн со среќа и радост, мало Небо на Земјата.