Текстови

Децата учат од она што го гледаат

Ако децата живеат со :

Критики – тие учат да Осудуваат.

Неправда – тие учат да се Борат.

Потсмевање – тие учат да се Срамат.

Посрамување – тие учат да се чувствуваат Виновни.

Охрабрување – тие учат да покажуваат Доверба.

Поднесување – тие учат да бидат Трпеливи.

Пофалби – тие учат да Ценат.

Прифаќање – тие учат да Сакаат.

Одобрување – тие учат да се Сакаат себеси.

Почитување – тие учат да бидат Искрени.

Сигурност – тие учат да Веруваат во себе и во другите.

Пријателство – тие учат дека светот е убаво место за живеење.