Текстови

ХРИСТИЈАНСТВО ВО СЕМЕЈСТВОТО

„(Љубовта) не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува,. Не држи сметка за зло; (1.Кор.13,5).

Во домот и во семејниот живот може многу да се постигне преку совладување… Нека секој настојува животот да го направи што е можно попријатен на другите. Бидете претпазливи особеново говорот, чувајте го единството, слогата и љубовта. Оние кои во семејството потполно владеат со себе сотоната над нив нема никаква моќ.

Хармонија во семејството можеме да имаме само ако во потполност се потчиниме на влијанието на Светиот Божји Дух. Негувањето на семејната љубов никогаш не можеме да и дадеме премногу грижа и внимание; затоа што домот – ако Божјиот Дух живее во него – е симбол на небото… Се што би можело да го наруши мирот и единството во семејниот круг мора да се спречи и отстрани. Во духот на љубовта и добротата секогаш треба да се негува нежноста и трпението. Ако еден погреши, другиот треба да покаже дух на христијанско трпение.

Покажувајќи дух на нежност, долготрпеливост и љубов ги наведуваме и другите да ни возвратат на ист начин. Ако Христос е навистина во нашето срце во нашиот дом ќе владее христијанско единство и љубов. Кога Христос постојано живее во срцето на мажот и жената, меѓу нив неможе да има никаква неслога. Тие заеднички ќе се стремат кон дворовите кој Христос отиде да ги припреми за оние кој Го љубат…

Во односите помеѓу мажот и жената, родителите и децата, браќата и сестрите секогаш треба да доаѓа до израз најнежно чувство на внимание и љубов. Должност е на секој член на семејството да биде пријатно расположен, и да зборува љубезно.

Домот во кој владее љубов и каде таа се гледа преку зборовите, во погледот и постапките, преставува место каде ангелите со задоволство присуствуваат, осветлувајќи ги со зраците на божјата светлина… Љубовта треба да се види во секој збор и во секоја постапка како и во самиот тон на гласот.

Самосовладувањето искажано во животот на секој член на семејството го прави домот сличен на рајот.