Текстови

Како да ги расипеме нашите деца

Библијата кажува: Упатувај го детето по неговиот пат, па кога ќе остари, нема да отстапи од него.

1.На детето му е потребно воспитување – нему му е потребно водство од постари и поискусни.

2.Родителите се обврзани да стекнат знаење за патот по кој детето треба да оди.

3.Родителите се должни на детето да му го пренесат знаењето, начелата и искуствата кои ги стекнале, така што детето ќе добие здрава основа за живот и изградување на карактерот. Застапниците на таканаречениот прогресивен правец во педагогијата веднаш би го подигнале својот глас против текстот во Пословици 22,6. и она што тој текст застапува Тие би кажале:Не! Детето не смееме да го усмеруваме, нему му е потребна слобода да го развива доброто кое е веќе во него, неговите родители немаат право да го обликуваат дури ни неговото верско убедување! Оваа филозофија била популарна меѓу родителите доволно долго за да можат да се видат нејзините разорни резултати.

Што родителите треба да направат: најнапред да создадат малолетни деца, а подоцна и возрасни престапници асоцијални типови (несоцијален, нехуман, себичен).

Еден многу искусен педагог, експерт за малолетнички криминал, ги собрал сите родителски воспитни грешки во дванаесет помалку хумористични правила, на кој правата смисла им е смртоносно сериозна:

Дванаесет правила за родители кои сакаат да ги упропастат своите деца:

1.Уште од првиот ден давај му на своите деца се што ќе посакаат. На тој начин во нив ќе се зацврсти уверувањето дека целиот свет е должен да ги исполнува сите нивни барања, а од друга страна дека тие на никој ништо не му должат.

2.Кога детето некаде на улица ќе каже некој лош или безобразен збор или некоја пцовка, смеј се од срце. Тоа ќе го направи детето да помисли дека со изговарањето на таквите зборови е многу интересно. Ќе излегува на улицата за својот речник да го збогати со такви зборови од кои ќе ви се крева косата на главата.

3.Никогаш не му давај никакво духовно и верско воспитување се додека не наполни 21 година, а тогаш дозволи му сам да одлучи што е најдобро. По истата логика не би требало да го присилуваш да зборува и на мајчин јазик, зато што тој кога ќе постане полнолетен може да избере да зборува бенгалски или свахили!

4.Фали го во негово присуство на сите соседи и на сите што ги познаваш! Покажи му на сите колку твоето дете е бистро и снаодливо за разлика од другите деца, па и самото ќе поверува во тоа.

5.Избегнувај да му се обраќаш со реченицата:Тука погреши! Тоа би можело во него да развие комплекс на кривица. Тоа ќе го подготви покасно, кога ќе го казнат за поседување на туѓо возило или на недоличхо однесување да стекне уверување дека друштвото е против него и не го сака.

6.Помагај му во средување на сите негови работи: неговите чевли, неговите книги, неговата облека. Работи се наместо него, такашто кога ќе порасне веќе ќе има богато искуство во неодговорното однесување и префрлувањето на својот терет и и своите одговорности на другите.

7.Дозволи му да чита се што ќе посака. Не се интересирај ни со што ја полни својата глава. Важно е да му овозможиш здрави овошни сокови кога е жедно, а воопшто не е важно какви нездрави течности пие од отровните извори на идеите и зборовите.

8.Карај се често во присуство на своите деца со својот брачен другар, и со соседите. Тоа во него ќе развие смисла за вжарена размена на зборови и за рушење на својот сопствен дом ако би го имал во иднина.

9.Секогаш давај му онолку пари колку ви бара. Немој детето да ти се срамоти пред другарите! Никогаш немој да го учиш да заработува сам, затоа што ќе си го загрозиш и својот и неговиот углед!

10.Задоволи ја секоја желба на детето за храна и пијалок, задоволи ја желбата на сите негови пет сетила, и тоа ќе стекне уверување дека неговата желба е врховен закон во свемирот, на кој сите мора да му се покоруваат.

11.Секогаш биди на негова страна, без разлика со кој твоето дете се скарало. Не е важно дали твоето дете се однесува спротивно на законот, во школото или со соседите, ти мораш да бидеш на негова страна!Сите тие имаат предрасуди спрема твоето дете!

12.Кога конечно твоето дете ќе влезе во вистинска тешкотија тогаш дигни раце од него и кажи: Со него никогаш ништо и не можело да се постигне. 

Овие дванаесет правила ако внимателно ги следиме, без сомневање многу успешно ќе му помогне на секој родител своето дете да го поведе по патот на престапникот. Иако овие правила на помалку хумористичен начин се занимаваат со проблемот малолетничко престапување, тие на многу сериозен начин ги нагласуваат некои важни вистини. Најважно од сите факти е дека родителите имаат одлучувачко влијание во одредувањето што ќе постане нивното дете и како ќе се прилагоди во друштвото. Духот на пророштвото го потврдува ова гледиште:

Во својата мудрост Господ одредил фамилијата да биде најголема воспитна установа… Тука, со родителите како наставници, детето мора да ја научи лекцијата која ќе го води низ целиот негов живот-лекција за почитувањето, послушноста, побожноста и владеењето со себе… Ако детето не е правилно поучено во домот, сатаната ќе го воспита со средства кој што тој ги избрал… На сите родители лежи одговорност да го воспитаат детето физички, ментално и духовно… Децата можат да се научат да му служат на гревот или да служат на правдата. На децата често ќе му пречат ограничувања, советувања и дисциплина, дури и тогаш кога родителите тоа го прават во христијански дух. Но тоа не смее да ги поколеба родителите верно да продолжат да ја исполнуваат задачата која им ја доверил Бог. Покасно кога децата ќе пораснат ќе ги благословуваат родителите за верната грижа и строгото држење кое ги чувало во годините додека се уште биле неискусни. Бог не погрешил кога заповедал: Учи го детето! Застапниците на либералистичката филозофија на попустливоста и неодговорноста погрешиле. Тие факти од ден на ден се се појасни на сите, и на родителите, наставниците и општеството како целина, па би требало да ни биде јасно и на сите нас.